Гросрерсдорф (германски: Großröhrsdorf) — град во округот Бауцен, во источниот дел на сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа 12 километри западно од Бишофсверда и 22 километри североисточно од Дрезден. Тој се простира долж околу 4 километри долгиот стар поштенски пат, кој минува низ него.