Давинсон Санчес
Давинсон Санчес | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Давинсон Санчес Мина[1] | ||
Роден на | 12 јуни 1996[2] | ||
Роден во | Калото, Колумбија | ||
Држава | Колумбија | ||
Висина | м[3] | 1,87||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Галатасарај | ||
Број | 6 | ||
Младинска кариера | |||
Америка Кали | |||
Атлетико Насионал | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2013-2016 | Атлетико Насионал | 26 | (0) |
2016-2017 | Ајакс | 32 | (6) |
2017-2023 | Тотенхем | 143 | (3) |
2023- | Галатасарај | 16 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
2013 | Колумбија 17 | 2 | (0) |
2014-2015 | Колумбија 20 | 14 | (0) |
2016 | Колумбија 23 | 2 | (0) |
2016- | Колумбија | 58 | (1) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Давинсон Санчес Мина (роден на 12 јуни 1996, во Калото) — колумбиски фудбалер, играч од одбраната на Галатасарај и на колумбиската репрезентација.
Технички карактеристики
Физички многу силен централен дефанзивец кој е одличен во играта во воздухот.[4] Најчесто настапува десен центарален одбранбен играч во формација со четири играчи.[5]
Клупска кариера
Атлетико Насионал
Како младинец, Санчес играл во младинската академија на Америка де Кали, но откако неговите родители се преселиле, тој преминал во Атлетико Насионал, каде што се школувал во фудбалска смисла под крилата на Хуан Карлос Осирио.[6] Тој го имал своето деби за сениорскиот тим на 27 октомври 2013 година, во поразот со 0-1 од Бојака Чико. Осорио го ставил Санчес во почетната постава и тој го одиграл целиот натпревар.[7]
На 2 март 2016 година, Санчес го постигнал својот прв гол за Насионал во победата со 3-0 над перуанскиот Спортинг Кристал во Копа Либертадорес.[8] Како резултат на неговите добри перформанси за Насионал, многу странски екипи меѓу кој Барселона, Фламенго, и Ајакс појавиле сериозен интерес да го доведат играчот во својте редови.[9][10] Барселона прва испратила формална понуда за потпишување на играчот, но Санчес ја одбил понудата, бидејќи не сакал да започне во втората екипа Барселона Б.[11]
Својте одлични настапи ги комплетирал со освојувањето на Копа Либертадорес 2016 против еквадорската екипа Индепендиенте дел Вале.
Ајакс
Во јуни 2016 година, Санчес потпишал петгодишен договор со холандскиот Ајакс, до 2021 година;[12] трансферот изнесувал 5 милиони евра.[13] Тој станал само вториот колумбиец во клубот, по Матео Касиера кој потпишал за Ајакс само неколку дена претходно. Санчес му се приклучил на својот нов тим по завршувањето на обврските со Насионал во Копа Либертадорес.[14]
Санчес дебитирал за Ајакс на 13 август во ремито 2–2 против Рода, натпревар во кој стартувал и ги одиграл сите 90 минути. Три дена подоцна го имал својот прв натпревар во Лигата на шампионите во ремито 1-1 против Ростов, во плејоф рундата од квалификациите во која Ајакс бил елиминиран бидејќи во првиот натпревар во Русија загубиле со 1-4. На 15 септември 2016, дебитирал во Лигата на Европа во натпреварот Панатинаикос - Ајакс 1-2, во групната фаза. Својте први голови (постигнал два) за амстердамскиот клуб ги постигнал на 24 септември против Зволе во победата на домашен терен со 5-1. На 5 април 2017, постигнал спектакуларен гол со ножички во победа со 4-1 над Аз Алкмар.[15]
На 8 мај 2017, тој бил избран за најдобар играч на Ајакс за сезоната.[16] На 24 мај, Санчес стартувал и ги одиграл комплетните 90 минути за Ајакс во финалето на Лига Европа 2016-2017, во кое неговиот тим бил поразен од Манчестер Јунајтед со 0-2 во Солна. Својата прва сезона во Европа во дресот на Ајакс ја завршил со 45 настапи во сите натпреварувања и 6 постигнати гола.
Тотенхем Хотспар
На 18 август 2017, Тотенхем Хотспар го купил Санчес од Ајакс за 42 милиони фунти, потпишувајќи шестгодишен договор со младиот колумбиски стопер.[17] Своето деби тој го направил на 27 август, влегувајќи како замена на местото на Муса Дембеле во 92-рата минута во ремито 1–1 против Барнли.[18] На 13 септември, дебитирал во групната фаза од Лигата на шампионите во победата со 3-1 на домашен терен над Борусија Дортмунд.
На 15 мај 2018, Санчес потпишал нов договор со Тотенхем, во трајност до 2024 година.[19]
Репрезентативна кариера
Во февруари 2016, селекторот на Колумбија Хосе Пекерман го повикал Санчес на тренинг со сениорската репрезентација.[20]
Во мај 2018, тој се нашол на поширокиот списокот од 35 играчи на колумбиската репрезентација за Светското првенство 2018 во Русија.[21] Во јуни 2018, тој се нашол и во конечниот список на Колумбија од 23 играчи за мундијалот.[22] Тој ги одиграл сите три натпревари на својата репрезентација во групата Х, како и осминафиналниот натпревар во кој Колумбија била елиминирана од Англија по изведување на пенали.[23]
Хронологија на репрезентативните настапи
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Колумбија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
16-11-2016 | Сан Хуан | Аргентина | 3 – 0 | Колумбија | Квал. за СП 2018 | - | ||
7-6-2017 | Мурсија | Шпанија | 2 – 2 | Колумбија | Пријателска | - | 46' | |
5-9-2017 | Баранквила | Колумбија | 1 – 1 | Бразил | Квал. за СП 2018 | - | ||
6-10-2017 | Баранквила | Колумбија | 1 – 2 | Парагвај | Квал. за СП 2018 | - | ||
11-10-2017 | Лима | Перу | 1 – 1 | Колумбија | Квал. за СП 2018 | - | ||
10-11-2017 | Сувон | Јужна Кореја | 2 – 1 | Колумбија | Пријателска | - | ||
14-11-2017 | Чонгкинг | Кина | 0 – 4 | Колумбија | Пријателска | - | 72' | |
23-3-2018 | Сен Дени | Франција | 2 – 3 | Колумбија | Пријателска | - | ||
1-6-2018 | Бергамо | Египет | 0 – 0 | Колумбија | Пријателска | - | ||
19-6-2018 | Саранск | Колумбија | 1 – 2 | Јапонија | СП 2018 - Прва фаза | - | дет. | |
24-6-2018 | Казањ | Полска | 0 – 3 | Колумбија | СП 2018 - Прва фаза | - | дет. | |
28-6-2018 | Самара | Сенегал | 0 – 1 | Колумбија | СП 2018 - Прва фаза | - | дет. | |
3-7-2018 | Москва | Колумбија | 1 – 1 прод. (3 - 4 пен.) |
Англија | СП 2018 - Осминафинале | - | дет. | |
7-9-2018 | Мајами | Венецуела | 1 – 2 | Колумбија | Пријателска | - | ||
11-9-2018 | Ист Ратерфорд | Аргентина | 0 – 0 | Колумбија | Пријателска | - | ||
12-10-2018 | Тампа | САД | 2 – 4 | Колумбија | Пријателска | - | ||
17-10-2018 | Харисон | Колумбија | 3 – 1 | Костарика | Пријателска | - | ||
Вкупно | Настапи | 18 | Голови | 0 |
Клупска статистика
Статистиката е ажурирана на 7 јануари 2019.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2013 | Атлетико Насионал | КПА | 3 | 0 | КК | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 3 | 0 |
2014 | КПА | 2 | 0 | КК | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 4 | 0 | |
2015 | КПА | 7 | 0 | КК | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 8 | 0 | |
2016 | КПА | 14 | 0 | КК | 2 | 0 | КЛ | 14 | 1 | - | - | - | 30 | 1 | |
Вкупно Атлетико Насионал | 26 | 0 | 5 | 0 | 14 | 1 | - | - | 45 | 1 | |||||
2016-2017 | Ајакс | Е | 32 | 6 | КХ | 0 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 1+12 | 0 | - | - | - | 45 | 6 |
јул.-авг. 2017 | Е | - | - | КХ | - | - | ЛШ | 2 | 1 | - | - | - | 2 | 1 | |
Вкупно Ајакс | 32 | 6 | 0 | 0 | 15 | 1 | - | - | 47 | 7 | |||||
авг. 2017-2018 | Тотенхем | ПЛ | 31 | 0 | ФАКуп+ЛК | 2+0 | 0 | ЛШ | 8 | 0 | - | - | - | 41 | 0 |
2018-2019 | ПЛ | 11 | 0 | ФАКуп+ЛК | 1+2 | 0 | ЛШ | 4 | 0 | - | - | - | 18 | 0 | |
Вкупно Тотенхем | 42 | 0 | 5 | 0 | 12 | 0 | - | - | 59 | 0 | |||||
Вкупно во кариерата | 100 | 6 | 10 | 0 | 41 | 2 | - | - | 151 | 8 |
Титули
- Колумбиско првенство (4) : Апертура 2013, 2014 - Клаусура 2013, 2015
- Куп на Колумбија (2) : 2012, 2013
- Копа Либертадорес (1) : 2016
Наводи
- ↑ „Squads for 2017/18 Premier League confirmed“. Premier League. 1 September 2017. Посетено на 9 September 2017.
- ↑ „2018 FIFA World Cup Russia: List of players: Colombia“ (PDF). FIFA. 10 June 2018. стр. 5. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-12-06. Посетено на 11 June 2018.
- ↑ „Davinson Sánchez – English“. Ajax. Архивирано од изворникот на 2017-08-12. Посетено на 27 July 2017.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-04-07. Посетено на 2019-01-05.
- ↑ „I migliori talenti del calcio mondiale: Davinson Sánchez“. SpazioCalcio.it. 31 март 2017.
- ↑ „No hay título que se le resista a Davinson Sánchez“. Marca (шпански). Madrid. 16 March 2016.
- ↑ „Atlético Nacional vs. Boyacá Chicó“. Soccerway. 27 October 2013.
- ↑ „Atlético Nacional vs. Sporting Cristal“. Soccerway. 2 March 2016.
- ↑ „Mercado da bola 2016: Flamengo espera anunciar dois zagueiros e um atacante nesta semana“ (португалски). Torcedores. 24 May 2016. Архивирано од изворникот на 2016-05-27. Посетено на 2019-01-05.
- ↑ „Colombiaanse centrale verdediger tekent bij Ajax in plaats van FC Barcelona“ (холандски). SoccerNews.nl. 1 June 2016.
- ↑ „Barcelona loopt blauwtje: 'Hij heeft daar geen enkele zekerheid“ (холандски). Voetbalzone. 27 May 2016.
- ↑ „Ajax contracteert Davinson Sánchez Mina“ (холандски). Ajax. 21 June 2016.
- ↑ „Ajax heeft tweede Colombiaanse aanwinst binnen“. De Telegraaf (холандски). 19 June 2016. Архивирано од изворникот на 2016-06-19. Посетено на 2019-01-05.
- ↑ „Oficial: Atlético Nacional cede a Davinson Sánchez al Ajax, pero jugará Copa Libertadores“ (шпански). HSB Noticias. 21 June 2016. Архивирано од изворникот на 2016-06-23. Посетено на 2019-01-05.
- ↑ „Super Sanchez's bicycle kick“. Football24. 6 април 2017. Посетено на 28 август 2018.
- ↑ „Colombia's Davinson Sanchez 'player of the year' after 1st year at Dutch giants Ajax“.
- ↑ „Davinson Sanchez: Tottenham complete signing of Ajax defender on six-year deal“. BBC Sport. 23 August 2017. Посетено на 29 August 2017.
- ↑ „Tottenham Hotspur 1 – 1 Burnley“. BBC Sport. 27 August 2017. Посетено на 30 August 2017.
- ↑ „Davinson signs new contract“. Tottenham Hotspur F.C. 15 May 2018. Посетено на 15 May 2018.
- ↑ „Pekerman calls-up local players with a view to WC qualifying“. oximity.com. 12 February 2016. Архивирано од изворникот на 2016-08-16. Посетено на 11 July 2016.
- ↑ „Revealed: Every World Cup 2018 squad – Final 23-man lists | Goal.com“. Посетено на 5 June 2018.
- ↑ „Colombia name World Cup squad“. ESPN. Посетено на 28 June 2018.
- ↑ „Colombia Results – 2018–19 | ESPN“. ESPN. Посетено на 28 June 2018.
Надворешни врски
Портал „Биографија“ | |
Портал „Фудбал“ | |
Портал „Колумбија“ |
- Давинсон Санчес на soccerway
- Давинсон Санчес на transfermakt
- Давинсон Санчес на whoscored
- Давинсон Санчес на espn
|
|