Деветаголник
Правилен деветаголник | |
---|---|
Правилен деветаголник | |
Вид | правилен многуаголник |
Рабови и темиња | 9 |
Шлефлиев симбол | {9} |
Коксетер–Динкинови дијаграми | |
Група на симетрија | диедарска (D9), ред 2×9 |
Внатрешен агол | 140° |
Својства | испакнат, впишан, рамностран, изогонален, изотоксален |
Деветаголник – многуаголник со девет темиња и девет страни.
Правилен деветаголник
Правилниот деветаголник е деветаголник кај кого сите страни се со еднакви должини и сите внатрешни агли се еднакви.
Внатрешните агли на правилен деветаголник имаат по 140° (степени), а збирот на сите внатрешни агли на кој било деветаголник изнесува 1260°.
Ако основната страна на деветаголник е , неговата плоштина се определува со формулата:
.
Плоштината може да се пресмета и со:
каде
- е полупречник на опишаната кружница, а
- е полупречник на впишаната кружница.
Периметарот на деветаголникот чија страна е со должина ќе биде еднаков на .
Конструкција
Правилен деветаголник не може да се конструира со шестар и линијар.
Конструкцијата може да се изведе со помош на обележен шестар и линијар, но истата не се прифаќа како математички коректна. Постојат приближни конструкции со помош на шестар и линијар.
Поврзано
- Многуаголник
- Правилен многуаголник
- Четириаголник
- Петаголник
- Шестаголник
- Седумаголник
- Осумаголник
- Десетаголник
Надворешни врски
- Деветаголник на Mathworld
- Дефиниција и особини на деветаголник, со интерактивна анимација
|