Демилитаризирана зона

Map of the demilitarized zone between North and South Vietnam
Виетнамската демилитаризирана зона која ги одвојувала Северен и Јужен Виетнам (1969 година)

Демилитаризирана зона (исто и демилитизирано подрачје или тампон зона) ― подрачје во кое со договор меѓу држави или воени сили се забранува поставување воени капацитети, опрема или војска и во кое се забранети секакви воени активности. Демилитизираните зони често се наоѓаат долж границата меѓу две непријателски настроени земји, воени сили или сојузи. Демилитаризирана зона понекогаш може да се постави долж официјалната меѓународна граница, каков што е примерот со Корејската демилитаризирана зона. Други примери за демилитаризирани зони се: 15 км широкото подрачје на границата меѓу Ирак и Кувајт; Антарктик (кое е заштитено за научни истражувања); и вселената (простор од преку 15 км од површината на Земјата).

Многу демилитаризирани зони се сметаат за неутрална територија затоа што не е под контрола на ниту една од страните, а ова се однесува и за цивилна администрација. Некои зони и понатаму остануваат демилитаризирани, иако претходно со договор контролата врз подрачјето ѝ е доделено на држава која (според условите за демилитизарина зона) пред тоа немала право има војска на спорната територија. Исто така, можно е силите да се договорат за демилитаризација на зоната без формално да ги решат своите територијални претензии, овозможувајќи спорот да се реши на мирен начин како дипломатски разговори или меѓународен суд.

Неколку демилитаризирани зони, исто така, случајно станале природни резервати, затоа што во нив е елиминиран човечкиот фактор (исто така и ловот). Вакви примери се: корејската демилитаризирана зона, кипарската демилитаризирана зона (Зелена линија) и поранешната виетнамска демилитаризирана зона со која Виетнам од 21 јули 1954 година до 2 јули 1976 година бил поделен на две држави (Северен Виетнам и Јужен Виетнам).

Сегашни демилитаризирани зони

Поранешни демилитаризирани зони

Old map of the Gibraltar peninsula
Карта на гребенот на Гибралтар.
  • По завршувањето на опсадата од 1727 година, била воспоставена неутрална територија помеѓу британската прекуморска територија Гибралтар и Шпанија.
  • Рајнска област - По Првата светска војна, со Версајскиот договор, Рајнската област била означена како демилитаризирана зона, и на Вајмарска Република ѝ се забранило таму да распореди своја војска.
  • Саудиско-ирачко неутрална зона - Со Укаирскиот протокол била воспостави демилитаризирана зона помеѓу Султанатот Неџд и Кралството Ирак, кој во тоа време бил мандат на Лигата на народите управуван од Британската империја.
  • Саудиско-кувајтска неутрална зона - Со Укаирскиот протокол во 1922 година била воспоставена неутрална зона меѓу Султанатот Неџд и британскиот протекторат Кувајт.
  • Израел и Египет - По Арапско-израелската војна од 1948 година, во 1949 била создадена зоната Ел Ауџа.
  • Израел и Јордан - Израелската енклава и јорданската област на Скопус биле означени како демилитаризирана зона. Исто и областа околу Латрун.
  • Израел и Сирија: По Арапско-израелската војна од 1948, со Договорите за примирје меѓу Израел и Сирија во 1949 година биле создадени 3 демилитаризирани зони.[7]
  • Кина - По окупацијата на Манџурија од Јапонската царска армија и основањето на државата Манџукуо, во мај 1933 година било склучено примирје меѓу Кина и Јапонија, со што била воспоставена демилитаризирана зона помеѓу Манџукуо и Кина.
  • Еквадор - на 2 октомври 1941 година по војната меѓу Еквадор и Перу била воспоставена демилитаризирана зона која ја набљудувале неутралните држави-посредници: САД, Бразил и Аргентина.[8]
  • Виетнамска демилитаризирана зона - Демилитаризираната зона помеѓу Северен Виетнам и Јужен Виетнам формирана во јули 1954 година како резултат на Женевската конференција со која завршила војната меѓу Виет Мин и Франција.
  • Норвешка и Шведска по распаѓањето на унијата меѓу Норвешка и Шведска во 1905 година воспоставија демилитаризирана зона од 1 км долж нивната граница. Зоната била укината со меѓусебен договор во 1993 година.
  • Ел Кагуан - Демилитаризирана зона била поставена во јужна Колумбија од 1999 до 2002 година.
  • Тампон зона во Северна Сирија - 115 километарска демилитаризирана зона во северна Сирија долж делови од сириско-турската граница. Ја основале Турција и Соединетите Американски Држави, и двете членки НАТО, за време на Сириската граѓанска војна за да се спречат судири меѓу курдските и турските сили.[9]
  • Копнена безбедносна зона – демилитаризираната област широка 5км меѓу Србија и Косово создадена според Кумановскиот договор по војната во Косово, која постоела од 1999 до 2001 година. По судирите во прешевската област, на српските сили им било дозволено да влезат во зоната.[10]
  • Демилитаризирана област Идлиб - Демилитаризирана зона (15 км), создадена со договор меѓу руската и турската влада за време на Сириската граѓанска војна, со што последното големо упориште на сириските бунтовници било одвоено од подрачјето контролирано од сириската влада.[11]

Поврзано

Наводи

  1. „art. 1“, Antarctic Treaty, 1959
  2. „art. 1“, Korean Armistice Agreement, 1953
  3. „Request for Interpretation of the Judgment of 15 June 1962 in the Case concerning the Temple of Preah Vihear (Cambodia v. Thailand)“ (PDF). International Court of Justice. 18 July 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 17 October 2013. Посетено на 9 October 2018.
  4. Original Spitsbergen Treaty
  5. „Sudan agrees demilitarised zone for north-south border“. BBC News. BBC. 31 May 2011. Посетено на 24 October 2015.
  6. Ahmed, Amir; Botelho, Greg (9 March 2013). „Sudan, South Sudan agree to pull troops from demilitarized zone“. Cable News Network. Turner Broadcasting System, Inc. Посетено на 24 October 2015.
  7. „Palestine Maps“ (PDF). Palestinian Academic Society for the Study of International Affairs. Архивирано од изворникот (PDF) на 15 February 2006. Посетено на 9 October 2018.
  8. Estudio de la cuestión de límites entre el Perú y el Ecuador (шпански). Peru: Ministry of War of Peru. 1961. стр. 71–72.
  9. Kurdistan24. „US and Turkey reach accord, but concerns of Syrian Kurds continue“. Kurdistan24 (англиски). Посетено на 2019-08-25.
  10. „Ground Safety Zone (GSZ): Time out for rebel strong hold - Serbia“. ReliefWeb (англиски). Посетено на 2021-10-14.
  11. Heintz, Jim (17 September 2018). „Turkey, Russia agree on demilitarized zone in Syria's Idlib region“. Chicago Tribune. Архивирано од изворникот на 8 October 2018. Посетено на 9 October 2018.