Демографија на Бутан

Демографијата на Бутан ја отсликува состојбата во Бутан поврзана со населението, етничките групи, религијата и јазиците.

Бутанци на национален фестивал.

Демографска статистика според ЦИА

Пирамида на население

Население

750,125 (July 2016 est.)[1]

Годишна старост

0-14 години: 30.2% (мажи 106.410/жени 102.164)
15-64 години: 64.3% (мажи 235.988/жени 208.484)
65 и повеќе: 5.5% (маже 20.169/жени 17.926) (2009)

Пораст на население

1.267 % (2009)

Раѓања

20.07 раѓања/1.000 население (2009)

Смрт

7.39 смртни случаи/1.000 население (јули 2009)

Животен век

Вкупно население: 66.13 години
Мажи: 65.33 години
Жени: 66.97 години (2009)

Наталитет

2.38 родени деца (2009)

СИДА/ХИВ

Просечно инфицирани: помалку од 0.1% (2001)
Луѓе што живеат о ХИВ: помалку од 100 (1999)

Националност

Именка: Бутанец / Бутанци; Бутанка / Бутанки
Придавка: Бутански, бутански

Етнички групи

Нгалопи и Шарчопи 60%, Лоцампа (Непалци) 25%, останати локални народи 15%.

Религија

Околу две третини од населението се припадници на Друкпа Кагјура или Нингмапа Будизмот. Околу една третина од населението се припадници на хиндуизмот, кој пак најмногу е застапен на југот од земјата. Останатите религии се застапени со помалку од 1 процент.

Јазици

Ѕонгка јазик (официјален), исто така се зборуваат неколку тибетски и непалски дијалекти.

Писменост

Дефиниција: лица над 15 години можат да пишуваат и читаат
Вкупно население: 47%
Мажи: 60%
Жени: 34% (2003)

Наводи

  1. „The World Factbook — Central Intelligence Agency“. cia.gov. Посетено на 19 April 2018.

Надворешни врски