Денот кога земјата стоеше мирно (филм од 2008)
„Денот кога земјата стоеше мирно (The Day the Earth Stood Still)“ | |
---|---|
![]() Официјален постер | |
Режисер | Скот Дериксон |
Продуцент | Ервин Стоф Пол Харис Бордман |
Сценарист | Дејвид Скарпа |
Главни улоги | Киану Ривс Џенифер Конели Џеден Смит Џон Клис Кејти Бетс |
Жанр | Научна фантастика |
Дистрибутер | 20th Century Fox |
Премиера | 12 декември 2008 |
Времетраење | 103 мин. |
Земја | ![]() |
Јазик | англиски |
Буџет | $80.000.000[1] |
Бруто заработка | $202.899.000 |
Денот кога земјата стоеше мирно (англиски: The Day the Earth Stood Still) е американски Научна фантастика – филм на Скот Дериксон од 2008 год. Филмот е преработка на истоимениот класичен научно-фантастичен филм од 1951 год. Филмот ја доживеа својата американска и светска премиера на 12 декември 2008 год. Многумина филмски критичари, филмот го оценија како бледа копија на оригиналот, но со подобро визуелни ефекти.
Синопсис
Филмот е римејк на класикот снимен во 1951 година. Киану Ривс го портреира Клаату, вонезмјанинот што ќе дојде на земјата за да изврши една задача. Владите и научниците од сите земји во светот ќе се обиденат за да ја решат мистеријата во врска со појавувањето на необичниот посетител. Наскоро дознаваат дека тој е дојден да го одржи мирот во Галаксијата и ако некој провоцира ќе биде уништен. Со Клаату на земјата е дојден и суперроботот Горт, кој има задача да ја исполни таа цел. Во меѓувреме Клаату ќе биде гонет од полицијата и војската, а пред да го убијат ќе успее на своите пријатели Хелен и синот Џејкоб, да им ја каже реченицата “Klaatu barada nikto” и им вели дека мора да го најдат Горд за да му ја кажат, ако сакаат да го спречат во намерата да ја активира пеколната машина. Горт ги заробува нив, а успева да дојде и до телото на Клаату, кој со помош на вонземската наука го спасува.
Глумечка екипа
Глумци | Ликови |
---|---|
Киану Ривс | Клаату |
Џенифер Конели | Хелен Бенсон |
Џеден Смит | Џејкоб Бенсон |
Џон Клис | Професор Карл Барнхардт |
Џон Хам | Д-р Мајкл Грениер |
Кети Бетс | Рехина Џексон |
Наводи
- ↑ „The Day the Earth Stood Still (2008)“. Box Office Mojo. Архивирано од изворникот August 20, 2019. Посетено на April 20, 2009.
Надворешни врски
- Официјално мрежно место Архивирано на 20 ноември 2008 г.
- Семрежна филмска база на податоци
- Бокс Офис Мојо