Дмитриј Анатолјевич Медведев (руски: Дми́трий Анато́льевич Медве́дев) — повеќекратен премиер и еднократен претседател на Русија, стопанственик, со голема политичка улога во Руската Федерација (РФ). Во текот на 2005 година бил назначен за прв вицепремиер на владата на Русија. По 2000 година на двапати бил претседател на советот на директорите на „Газпром“. Во 2007 година партијата „Единствена Русија“ го кандитирале за претседател на изборите во март 2008 година, а од друга страна и Владимир Путин му дал поддршка. Така, на изборите, одржани на 2 март 2008 година со 70,28 % (52 530 712) од избирачките гласови Медведев е избран за претседател на Русија.