Договор од Париз (појаснување)

Договор од Париз може да се однесува на бројни договори, кои биле преговарани или потпишани во Париз, Франција, вклучувајќи ги:

  • Договор од Париз (1229), крај на Катарската крстоносна војна
  • Договор од Париз (1259), помеѓу Хенри III од Англија и Луј IX од Франција
  • Договор од Париз (1303), помеѓу кралот Филип IV од Франција и кралот Едвард I од Англија
  • Договор од Париз (1323), грофот Луј Фландриски ги откажа фламанските барања над Зеланд
  • Договор од Париз (1355), размена на територии помеѓу Франција и Савоја
  • Договор од Париз (1623), помеѓу Франција, Савоја и Венеција против шпанските сили во Валтелин
  • Договор од Париз (1657), основан воен сојуз помеѓу Франција и Англија против Шпанија
  • Договор од Париз (1761), основан е третиот договор со семејството Бурбон помеѓу Франција и Шпанија
  • Договор од Париз (1763), крај на Седумгодишната војна/Француската и индијанската војна
  • Париски мировен договор (1783), крај на Американската револуционерна војна
  • Договор од Париз (1784), крај на Четвртата Англо-холандска војна
  • Договор од Париз (1796), крај на војната помеѓу Франција и Кралството Пиемонт-Сардинија
  • Договор од Париз (1810), крај на војната помеѓу Франција и Шведска
  • Договор од Париз (1814), мировен договор, потпишан на 30 мај 1814, помеѓу Франција и Шестата коалиција
  • Договор од Париз (1815), мировен договор, кој следеше по поразот на Наполеон на Ватерло
  • Договор од Париз (1856), крај на Кримската војна
  • Договор од Париз (1857), крај на Англо-персиската војна
  • Договор од Париз (1898), крај на Шпанско-американската војна
  • Договор од Париз (1900), крај на сите конфликтни барања помеѓу Франција и Шпанија над Рио Муни
  • Париска мировна конференција (1919), договори со поразените сили од Првата светска војна
  • Договор од Париз (1920), за обединување на Бесарабија и Романија
  • Париски мировни договори, 1947, формално објавен мир помеѓу сојузните од Втората светска војна и Бугарија, Унгарија, Италија, Романија и Финска (Германија и Јапонија, откако се предадоа безусловно, не беа дел од овие преговори)
  • Договор од Париз (1951), за основање на Европската заедница за јаглен и челик; сега истечен, бил еден од основните договори на Европската Унија
  • Париски мировен договор (1973), крај на американското присуство во Виетнамската војна
  • Париски договор (2015), меѓународен договор околу глобалното затоплување

Поврзано

  • Версајски договор (појаснување), договори потпишани во палатата Версај, во Версај, предградие на Париз
  • Договор од Париз (бенд), поп-панк, рок-бенд од Чикаго