Доктор Стрејнџлав или: Како научив да престанам да се грижам и ја засакав бомбата

„Доктор Стрејнџлав или: Како научив да престанам да се грижам и ја засакав бомбата“
Плакатот на македонски јазик
РежисерСтенли Кјубрик
ПродуцентСтенли Кјубрик
МузикаЛори Џонсон
КинематографијаГилберт Тејлор
МонтажаЕнтони Харви
СтудиоHawk Films
ДистрибутерColumbia Pictures
Премиера29 јануари 1964 г.
Времетраење94 минути[1]
Земја
Јазик
Буџет1,8 милиони долари[6]
Бруто заработка9,2 милиони долари (2022)

Доктор Стрејнџлав или: Како научив да престанам да се грижам и ја засакав бомбата (англиски: Dr. Strangelove or: How I Learned to Stop Worrying and Love the Bomb[7]) или скратено само Доктор Стрејнџлав — филм од 1964 г. во режија на Стенли Кјубрик, објавен во екот на Студената војна, нешто повеќе од една година по Кубанската криза, како антимилитаристичка сатира на воените програми на американската влада од тоа време и трката во вооружување воопшто. Заснован е на трилерот „Црвена тревога“ од Питер Џорџ, првпат објавен во 1958 г., кој го одразува сеопштиот страв од јадрена апокалипса.[8][9]

Покрај тоа, Кјубрик го преосмислил изворниот материјал, правејќи црна комедија. Филмот ја раскажува приказната за обземениот американски генерал Џек Д. Рипер, кој, придвижен од антикомунистичка параноја, ја заобиколил американската висока команда и претседателот, започнал јадрен напад врз СССР, и за последователните настани.

Содржина

Еден неспокоен американски генерал наредува бомбардирање на Советскиот Сојуз, предизвикувајќи пат до јадрена пропаст што воената соба полна со политичари и генерали трескаво се обидува да го запре.

Улоги

Глумец Улога
Питер Селерс полковник Лајонел Мандрејк / претседателот Меркин Мафли / д-р Стрејнџлав
Џорџ Кемпбел Скот генерал Бак Терџидсон
Стерлинг Хејден бригаден генерал Џек Д. Рипер
Кинан Вин полковник Бат Гуано
Слим Пикенс мајор Т. Џ. „Кинг” Конг
Питер Бул Алексеј де Садески
Џејмс Ерл Џонс поручник Лотар Зог
Трејси Рид г-ца Скот
Шејн Ример капетан Ејс Овенс

Наводи

  1. „Dr. Strangelove“. British Board of Film Classification. Архивирано од изворникот November 13, 2014. Посетено на July 6, 2013.
  2. Pfeiffer, Lee (March 8, 2017). „Dr. Strangelove or: How I Learned to Stop Worrying and Love the Bomb“. Encyclopædia Britannica. Архивирано од изворникот December 23, 2020. Посетено на December 3, 2020.
  3. Kaufman, Dave (January 21, 1964). „Dr. Strangelove or: How I Learned to Stop Worrying and Love the Bomb“. Variety. Архивирано од изворникот January 1, 2021. Посетено на December 3, 2020.
  4. 4,0 4,1 „Dr. Strangelove or: How I Learned to Stop Worrying and Love the Bomb“. British Film Institute. June 15, 2021. Архивирано од изворникот на March 10, 2016.
  5. 5,0 5,1 „Dr. Strangelove or: How I learned to Stop Worrying and Love the Bomb“. American Film Institute. June 15, 2021.
  6. „Dr. Strangelove (1964)“. m.the-numbers. Посетено на March 23, 2022.
  7. Можеби подобар превод требало да биде Доктор Стрејнџлав или: Како научив да не се грижам и ја засакав бомбата
  8. „ENTERTAINMENT: Film Registry Picks First 25 Movies“. Los Angeles Times. Washington, D.C. September 19, 1989. Архивирано од изворникот May 5, 2020. Посетено на April 22, 2020.
  9. „Complete National Film Registry Listing“. Library of Congress. Архивирано од изворникот October 31, 2016. Посетено на June 8, 2020.

Надворешни врски