Државен универзитет во Тетово

Универзитет во Тетово
Основан4 јуни 1994
РекторВулнет Амети
МестоТетово, Република Македонија
www.unite.edu.mk

Државниот универзитет во Тетово (албански: Universiteti Shtetëror i Tetovës) ― еден од трите државни универзитети во Република Македонија и се наоѓа во градот Тетово. Наставата главно се одвива на албански јазик, но исто така и на македонски и други јазици.

Историја

Основан бил на 4 јуни 1994, на основачкото собрание свикано од Културната заедница на Албанците во Македонија, во својство на основач, додека иницијатор, идеатор и потписник на документите за основање на Универзитетот и за именување на привремените органи на универзитетот бил проф. Абдула Мехмети, претседател на Културната Заедница на Албанците во Македонија. Како државен универзитет останува непризнаен од властите сè до јануари 2004 кога бил донесен Законот за основање на Државниот универзитет во Тетово од страна на Собранието на Република Македонија. Прв ректор на Тетовскиот Универзитет бил проф. д-р Фадиљ Сулејмани (1995-2003), а потоа и проф. р-р Рамиз Абдули (јануари-март 2003), проф. д-р Неџбедин Беадини (2003-2006), проф. д-р Сади Беџети (2006-2009), проф. д-р Агрон Река (2009-2012). Моментален ректор на универзитетот е проф. д-р Вулнет Амети.[1]

Поделба

Факултетот за уметности.

Во моментов при универзитотот има 14 факултети и еден институт:[2]

  • Факултет за природно-математички науки
  • Правен Факултет
  • Економски факултет
  • Педагошки факултет
  • Филозофски факултет
  • Филолошки Факултет
  • Факултет за уметности
  • Факултет за физичка култура
  • Факултет за прехранбена технологија и исхрана
  • Факултет за земјоделство и биотехнологија
  • Факултет за применети науки
  • Факултет за медицински науки
  • Факултет за бизнис администрација
  • Институт за екологија и технологија

Контроверзност

Универзитетот во Тетово беше во центарот на скандал со фалсификувани дипломи во текот на 2000-тите и почетокот на 2010-тите.[3] Во соседна Албанија, се продаваа фалсификувани дипломи на улица за меѓу 500 и 800 евра, а дипломите кои доаѓаат од Државниот универзитет во Тетово беше популарен избор, имајќи предвид дека универзитетот е надвор од надлежностите на официјалните институции на Албанија. Ректорот на Државниот универзитет во Тетово тврдеше дека поранешните студенти кои не ги завршиле студиите ги купувале овие фалсификувани дипломи, а фалсификуваните дипломи дури се продаваат во Косово и Црна Гора.[4] Во 2021 година беше откриено дека најмалку седум професори од медицинскиот факултет на Државниот универзитет во Тетово учествувале во академска нечесност, откако беше откриено дека делови од нивните научни материјали биле плагијати и копии.[5]

Наводи

  1. „За нас/Досегашни ректори“. Државен универзитет во Тетово. Архивирано од изворникот 2022-07-09. Посетено на 19 септември 2022.
  2. „За нас/Органограм“. Државен универзитет во Тетово. Архивирано од изворникот 2022-07-09. Посетено на 19 септември 2022.
  3. Jakov Marusic, Sinisa. „News Macedonia: Forged Diplomas Scandal Unfolds“. Balkan Insight. Посетено на 25 March 2024.
  4. Vezaj, Flamur; Abdiu, Drita; Likmeta, Besar. „Albania Ignores Trade in Fake Degrees“. Balkan Insight. Посетено на 25 March 2024.
  5. V, Gordana. „Scandal at the Tetovo University – at least 7 professors copied other people's scientific papers“. NetPress. Посетено на 25 March 2024.

Надворешни врски