Ендр (река)
Ендр | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Лоара 47°14′2″N 0°11′0″E / 47.23389°N 0.18333°E |
Должина | 271 км |
Особености на сливот |
Ендр (фр. Indre) е река во средна Франција, лева притока на реката Лоара.
Изворот на реката се наоѓа во близу селото Преверанж во департманот Шер. Тече во северозападен правец, низ следиве департмани: Шер, Ендр и Ендр и Лоара.
Ендр се влева во реката Лоара кај атомската централа во Шинон, северно од Авоан.
Главна притока на Ендр е помалата река Ендроа, која се влева во Ендр кај Азе на Ендр.
Реката минува низ следниве департмани и градови:
- Ендр: Ла Шатр, Шатору
- Ендр и Лоара: Лош
- Шер
Наводи
- Геопортал на Франција Архивирано на 15 декември 2010 г. (француски)
- Податоци за реката Ендр (француски)