Зелеринг студирал право и живее во Мекленбург-Западна Померанија од 1994, каде започнал да работи во судовите на Шверин и Грајфсвалд.[1] Како член на Социјалдемократската партија на Германија, работел во владата на Мекленбург-Западна Померанија од 1998, најпрвин како државен секретар, подоцна како министер за правда, а од 2006 како министер за социјални работи.[1] Во 2007, станал претседавач на неговата партија за Мекленбург-Западна Померанија.[1] Во 2008 го наследил Харалд Рингсторф како премиер на покраината.
Зелеринг е познат како многу строг кон неонацистите и учествува во промовирањето на семејниот живот и семејствата.[1] Тој е оженет и има две деца.[1]