ЖРК Ларвик

Ларвик
Целосен називЖенски Ракометен Клуб Ларвик
Основан31 мај 1990
ИгралиштеАрена Ларвик, Ларвик
Приемност4.500[1]
Главен тренерНорвешка Тор Одвар Моен
ЛигаГрундиглигаен
2015–20161ви
Бои
Клупски бои         
Дресови
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински
Мреж. место
Матична страница

ЖРК Ларвик е женски ракометен клуб од Ларвик, Норвешка. Моментално се натпреварува во Норвешката Прва лига.

Клубот е основан на 31 мај 1990 година. Ларвик е најуспешниот женски ракометен клуб во Норвешка со освоени 18 домашни титули и 16 национални купови. Покрај тоа, клубот исто така бил европски шампион, кога во сезоната 2010-2011 ја освоиле Лигата на шампионите со победа над шпанскиот Итчако. Ларвик е двократен освојувач и на Купот на победниците на куповите во сезоните 2004-2005 и 2007-2008.

Ларвик исто така е клубот кој дал најмногу ракометарки на норвешката женска репрезентација која со години е доминантна во Светскиот женски ракомет.

Својте домашни натпревари Ларвик ги игра во салата Арена Ларвик која собира 4,500 гледачи.

Историја

ЖРК Ларвик е основан на 31 мај 1990 година, со спојувањето на двата ракометни клуба Ларвик Турн и Халсен. Тие играат во Првата лига на Норвешка од сезоната 1992-1993. Во текот на првата година клубот бил блиску до испаѓање, но успеал да остане во топ дивизијата. Меѓутоа веќе во следната сезона, клубот ги направил својот пробив освојувајќи ја титулата во лигата и играле во финалето на Купот н Норвешка.

Ларвик во моментов е, од крајот на 1990-тите години, најсилниот тим на Норвешката женска ракометна сцена. Последниот пат кога загубиле лигашки натпревар на домашен терен било на 14 март 1999 година. На 14 мај 2011 година клубот го доживеал најголемиот успех во своето постоење освојувајќи ја титулата во Лигата на шампионите, за првпат.

Сала

  • Име: Арена Ларвик
  • Град: Ларвик
  • Капацитет: 4,000 седечки места
  • Отворена:19 септември 2009.
  • Адреса: Hoffsgt. 6, 3262 Ларвик

Титули

  • Норвешко првенство : 19 (рекорд)
1993-1994, 1996-1997, 1999-2000, 2000-2001, 2001-2002, 2002-2003, 2004-2005, 2005-2006, 2006-2007, 2007-2008, 2008-2009, 2009-2010, 2010-2011, 2011-2012, 2012-2013, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016, 2016-2017
  • Куп на Норвешка : 17 (рекорд)
1995-1996, 1997-1998, 1999-2000, 2002-2003, 2004-2005, 2005-2006, 2006-2007, 2008-2009, 2009-2010, 2010-2011, 2011-2012, 2012-2013, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016, 2016-2017

Играчи

Моментален состав

Голманки
  • 01 Норвешка Гуро Рундбратен
  • 12 Норвешка Камила Ред
  • 94 Бразил Габриела Мореши
Крила
ДК
  • 07 Норвешка Хеге Локен
  • 11 Норвешка Лин-Кристин Ригелут Корен
ЛК
  • 03 Норвешка Сара Мелер
  • 21 Норвешка Тоње Бергиле
Пивоти
  • 05 Норвешка Јуне Анденес
  • 18 Норвешка Мартине Волф
  • 77 Норвешка Тамирес Морена Лима

Бекови
ЛБ
  • 08 Норвешка Мари Молид
  • 17 Норвешка Тине Штанге
  • 28 Шведска Касандра Толбринг
СБ
  • 04 Норвешка Мари Финштад Бергум
  • 27 Норвешка Емили Кристенсен
ДБ
  • 09 Норвешка Матилде Ривас Тофт
  • 23 Норвешка Марија Хјертнер

Играчи на Ларвик во норвешката репрезентација

По натпреварувања почнувајќи од 1992

Тренери

Име Националност Тренер од Тренер до
Петер Бертелсен Данска Данска 1 јуни 1990 1 јуни 1992
Марит Бреивик Норвешка Норвешка 1 јуни 1992 1 јуни 1994
Гунар Петерсен Норвешка Норвешка 1 јуни 1994 1 јуни 1996
Кристијан Халдорсон Исланд Исланд 1 јуни 1996 1 јуни 1998
Оле Густав Екстад Норвешка Норвешка 1 јуни 1998 1 јуни 2005
Карл Ерик Бен Норвешка Норвешка 1 јули 2005 3 јануари 2011
Тор Одвр Моен Норвешка Норвешка 3 јануари 2011 1 јуни 2011
Оле Густав Екстад Норвешка Норвешка 1 јуни 2011 1 јуни 2015
Тор Одвар Моен Норвешка Норвешка 1 јуни 2015 денес

Наводи

  1. „Technical Data“ (германски). SAP Arena official website. Архивирано од изворникот на 2013-05-31. Посетено на 17 January 2012.

Надворешни врски