Жан Калвин (10 јули1509 — 27 мај1564) — верски реформатор, основач на Калвинистичката протестантска црква. Протеран од Франција, заминал во Швајцарија и Женева ја претворил во град-црква. Основата на неговото учење била „божествената предодреденост“. Вовел строги норми: ги намалил забавите и театарските претстави, забранил жените да носат обетки и свилени фустани итн., а имотите на манастирите ги конфискувал. Следбениците на Калвиновото учење беа Хугенотите во Франција, а во Англија — пуританците. Неговите идеи имале големо влијание во борбата на буржоазијата против феудалците (холандската револуција од 1566-1588 и англиската револуција од 1640-1660).[1]
Поврзано
Учења за христијанската вера — капитално дело на Калвин