Жолтенка
Жолтенка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Оддел: | Tracheophyta |
Класа: | Magnoliopsida |
Ред: | Fabales |
Семејство: | Fabaceae |
Род: | Cytisus |
Вид: | C. scoparius |
Жолтенка (жолт зајачки трн, жолта метла, лат. Cytisus scoparius) е грмушесто растение во Западна и Централна Европа. [1] Позната е и како „Златна грмушка“ и се меша со форситија. Видот е прилагоден на медитеранската и крајбрежната клима. Растението не вирее на места со ниски зимски температури. Семињата, младите растенија и пупките се особено чувствителни на смрзнување. Возрасните растенија се поотпорни, а гранките погодени од ниските температури брзо се обновуваат. [2] [3] [4] Cytisus scoparius содржи токсични алкалоиди кои го оптоваруваат срцето и нервниот систем. [5]
Опис
Израстоците на Cytisus scoparius обично растат од 1 m до 3 m височина, ретко до 4 m, со главното стебло до 5 cm дебелина, ретко 10 cm дебелина. Грмушките имаат зелени никулци со мали, наизменично распоредени, сложени, триаглести листови долги 5-15 мм, кои брзо опаѓаат (листопадни). Во пролет и лето, тие се полни со златно-жолти цветови, групирани во долги гроздови, долги 20-30 mm, и 15-20 mm широки. Чашката е двоусна. Коренот е вретенест, цврст и со бочни коренчиња кои завршуваат со кртолици.
Дистрибуција и развој
C. scoparius е нативна за западна и централна Европа. Може да се најде на сончеви места, обично на сува, песочна почва на мала надморска височина и може да издржи многу кисела почва. [2] [6] [7] Надвор од природното живеалиште се смета за инвазивен вид.
Подвидови
- Cytisus scoparius subsp. insularis (S.Ortiz & Pulgar) Auvray
- Cytisus scoparius subsp. maritimus (Rouy) Heywood
- Cytisus scoparius subsp. reverchonii (Degen & Hervier) Rivas Goday & Rivas Mart.
- Cytisus scoparius subsp. scoparius
Синоними
- Corema scoparium (L.) Bercht. & J.Presl
- Cytisogenista scoparia (L.) Rothm.
- Genista scoparia (L.) Lam.
- Genista vulgaris Gray
- Sarothamnus scoparius (L.) Wimm. ex W.D.J.Koch
- Sarothamnus vulgaris Wimm.
- Spartium scoparium L.
Наводи
- ↑ „Flora Europaea Search Results“. Rbg-web2.rbge.org.uk. Посетено на 15. kolovoza 2018.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 2,0 2,1 M. Blamey; C. Grey-Wilson (1989). Flora of Britain and Northern Europe. Hodder & Stoughton. ISBN 0-340-40170-2. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „blamey“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ H. Vedel; J. Lange (1960). Trees and Bushes. London: Metheun.
- ↑ W. J. Bean (1970). Trees and Shrubs Hardy in the British Isles. London: John Murray. ISBN 0-7195-1790-7.
- ↑ Jim Pojar; A. MacKinnon; Paul B. Alaback (1994). Plants of the Pacific Northwest Coast: Washington, Oregon, British Columbia & Alaska. Redmond, WA: Lone Pine.
- ↑ „Species Profile – Scotch Broom (Cytisus scoparius (L.))“. National Invasive Species Information Center, United States National Agricultural Library. Архивирано од изворникот на 26. srpnja 2013. Посетено на 9. listopada 2013.. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ Ashfaq Ahmed Zarri; Asad R. Rahmani; Mark J. Behan (2006). „Habitat modifications by Scotch broom Cytisus scoparius invasion of grasslands of the Upper Nilgiris in India“. Journal of the Bombay Natural History Society. 103 (2–3): 356–365.
Галерија
-
C. scoparius
-
C. scoparius
-
C. scoparius
-
C. scoparius