Законодавна власт
Законодавната власт е една од трите власти. Главна задача на законодавната власт е донесување закони. Во системите со либерална демократија граѓаните на избори ги избираат своите претставници во законодавното тело и на таков начин ги овластуваат да донесуваат закони во нивно име. Законодавното тело може да биде еднодомно или дводомно.
Во Македонија носител на законодавната власт е Собранието на Македонија.
Поврзано
|