Замбија првпат учествувала на Олимписките игри под сегашното име во 1968 година, и оттогаш се има натпреварувано на сите Летни олимписки ири со исклучок на бојкотираните игри во 1976 година. Претходно, се натпреварувала како Северна Родезија во 1964 година и под знамето на Родезија во 1960 година. Тие никогаш се немаат натпреварувано на Зимските олимписки игри.
Замбиските спортисти имаат освоено два медали во два спортски настани. Боксерот Кит Мвила го освоил првиот бронзен олимписки медал за државата, во категоријата лесна мува на игрите во 1984 година, и дванаесет години подоцна, Самуел Матете го освоил сребрениот медал во 400 метри со пречки.