Збратимени градови — облик на правен и општествен договор помеѓу градови, окрузи, региони, области, префектури, па дури и држави во географски и политички различни области со кој ги унапредуваат културните и трговските врски.[1] Современата замисла на збратимувањето потекнува по Втората светска војна во 1947 година,[2] сака да шири пријателство и разбирање помеѓу различни култури и помеѓу поранешни непријатели како чин на мир и помирување,[3] да ја охрабри трговијата и туризмот.[1] Од неодамна, збратимувањето растечки било користено како облик на стратешки меѓународни стопански врски помеѓу градовите.[4][5]