Зелениот ’Рт на Олимписките игри
Зелен ’Рт на Олимписките игри | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||
Олимписка историја | ||||||||||
Летни олимпијади | ||||||||||
|
Зелен ’Рт испраќала спортисти на секои Летни олимписки игри од 1996 година, иако земјата никогаш не освоила олимписки медал. Ниеден спортист од Зелен ’Рт никогаш не учествувал на некои Зимски олимписки игри.
Единствена дисциплина во која Зелен ’Рт постојано се натпреварува од нејзиното прво учество на Олимписките игри во 1996 година е машкиот маратон; нејзиното место се подобрило од 94. (1996) на 67. (2000), паѓајќи на 78. место (2004) пред да го достигнат најдобриот резултат, 48. место во 2008 година. Други почести дисциплини се атлетиката и гимнастиката.
Националниот олимписки комитет за Зелениот ’Рт е Олимпискиот комитет на Зелен ’Рт. Бил основан во 1989 година и признаен во 1993 година.[1]
Табела со медали
ЛОИ
Игри | Спортисти | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно | Место |
---|---|---|---|---|---|---|
Атланта 1996 | 4 | 0 | 0 | 0 | 0 | — |
Сиднеј 2000 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | — |
Атина 2004 | 3 | 0 | 0 | 0 | 0 | — |
Пекинг 2008 | 3 | 0 | 0 | 0 | 0 | — |
Лондон 2012 | 3 | 0 | 0 | 0 | 0 | — |
Вкупно | 0 | 0 | 0 | 0 | — |
Наводи
- ↑ „Зелен 'Рт“. Посетено на 22 декември 2011.