Соња Хени од Норвешка освоила злато во уметничко лизгање во женска конкуренција со само 15 години. Таа освоила златни медали и на следните две Олимписки игри.
Лизгачот Гилис Графстром од Шведска го освоил треттото последователно злато во уметничко лизгање во машка конкуреција.
Клас Дунберг од Финска освоил два златни медали во брзо лизгање (во трките на 500 и 1500 m), додека Ивар Балангруд од Норвешка победил во трката на 5000 m и освоил бронза во трката на 1500 m, со што го започнал успешното учество на Зимските олимписки игри.
Хокеарската репрезентација на Канада ја потврдила доминацијата во спортот, освојувајќи го златниот медал без примен гол, со гол-разлика 38-0.
Спортови
Медали биле доделени во 14 дисциплини во 6 спортови. Демонстративни спортови на игрите биле воена патрола (спорт сличен на биатлон) и еден вид на тркачки спорт со санки, влечени од кучиња, при што возачот бил на скии, а не на санката.
Боб
Брзо лизгање
Скелетон
Хокеј на мраз
Уметничко лизгање
Нордиско скијање:
Скијачко трчање
Нордиска комбинација
Скијачки скокови
Распоред на натпревари
Во продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови, но само во спортовите за кои биле доделени медали.