III Зимски олимписки игри се одржале од 4 февруари до 15 февруари1932 година во Лејк Плесид, САД. Игрите требале да се одржат во Биг Пинес, Калифорнија, но поради времеснките услови и недостатокот од снег, биле префрлени во Лејк Плесид.
Игрите се одржале во време на големата економска криза, со што организацијата била отежната и делумно трошоците за организација биле покриени со приватни донации.
Краток преглед
Игрите официјално биле прогласени за отворени од страна на гувернерот на Њујорк, Френклин Делано Рузвелт, кој истата година бил избран за претседател на САД.
Соња Хени го одбранила златото, освоено во уметничко лизгање во женска конкуренција од претходните игри. Златото го одбранила и француската спортска двојка Андре Жоли и Пјер Бруне, но истото не успеал да го направи Гилис Графстром, кој завршил втор, зад Австриецот Карл Шрефер, со што не успеал да го освои и четвртото последователно злато на Олимписките игри.
Ирвинг Џафи победил во трките на 5000 и 10000 m во брзо лизгање, победувајќи го во трката на 10000 m првакот од претходните игри и актуелен светски рекордер Ивар Балангруд, со предност помала од 5 m.
Спортови
Медали биле доделени во 14 дисциплини во 4 спортови. Демонстративни спортови биле карлингот, трки со санки, влечени од кучиња и брзо лизгање за жени.
Боб
Брзо лизгање
Хокеј на мраз
Уметничко лизгање
Нордиско скијање:
Скијачко трчање
Нордиска комбинација
Скијачки скокови
Распоред на натпревари
Во продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови, но само во спортовите за кои биле доделени медали.