Знамето на Индија е усвоено на 22 јули1947[2] и малку изменето на 15 август истата година. Се состои од три еднакви хоризонтални ленти, горната се потрокалова бога, бела и долната зелена. Во центарот се наоѓа мариносиното тркало со 24 линии.
Знамето со овие три бои првпат ја употребила најголемата индиска партија, Индиски националнен конгрес (ИНК) како свое неофицијално знаме. Тогаш боите имале поинакво значење: црвената - хиндуизам, зелената - ислам а бела ги означувала сите останати религии, иако многу сметала дека белата боја всушност претставувава обединување на хиндуизмото и исламот. При официјалното усвојување на индиското знаме за боите е дадено следното објаснување: портокаловата претставува самоодрекување, бидејќи водачите мораат да бидат индиферентни во однос на материјалните добра и да бидат посветени на својата работа. Белата е светлина, патот на вистината. Зелената е односот кон земјата. тркалото во средината е чакрата, која го претставува законот на вистината и добрината. Исто така го претставува и движењето кое Индија треба да ги следи[3].
↑Heimer, Željko (2 јули 2006). „India“. Flags of the World. Посетено на 2006-10-11.
↑„Flag Code of India“. Ministry of Home Affairs, Government of India. 25 јануари 2006. Архивирано од изворникот на 2006-01-10. Посетено на 2006-10-11.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)