Знаме на Северна Ирска
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/81/Saint_Patrick%27s_Saltire.svg/220px-Saint_Patrick%27s_Saltire.svg.png)
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/83/Flag_of_the_United_Kingdom_%283-5%29.svg/220px-Flag_of_the_United_Kingdom_%283-5%29.svg.png)
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/43/Flag_of_Northern_Ireland_%281953%E2%80%931972%29.svg/220px-Flag_of_Northern_Ireland_%281953%E2%80%931972%29.svg.png)
![решение кое се користело во минатото, но денес е напуштено.](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/4b/FIAV_historical.svg/23px-FIAV_historical.svg.png)
Знаме на Северна Ирска — обележје на Северна Ирска кое нема службен статус со распуштањето на самоуправното законодавство, кое го отповикало во 1972 и укинало во 1973 г.[1] Дотогаш како национално знаме се користел Алстерскиот бајрак, а денес во службени пригоди, британската влада го корирсти сојузното знаме (знамето на Велика Британија и Северна Ирска), а истото е единственото службено знаме на владата на Северна Ирска.[2] Британската влада сепак понекогаш го истакнува Крстот на Свети Патрик заедно со другите земји од Обединетото Кралство во неслужбено својство.
Унионистите и натаму го користат Алстерскиот бајрак, и истото важи за спортски клубови и местата со кои владеат на месно ниво.[3]
Крстот на Свети Патрик и Алстерскиот бајрак сепак не смеат да се веат на управни згради во Северна Ирска.[4]
Крст на Свети Патрик
Крстот на Свети Патрик е црвен Андреин крст на бело поле кој се користи од 1783 г. во значката на Ордент на Свети Патрик. Со припојувањето на Ирска кон Британија во 1800 г., крстот е придодаден кон знамето на Велика Британија.
Поврзано
- Грб на Северна Ирска
- Крст на Свети Патрик
- Алстерски бајрак
Наводи
- ↑ Согласно Уставот на Северна Ирска од 1973 г.
- ↑ Сојузното знаме и знамињата на Обединетото Кралство Архивирано на 23 април 2010 г. — Парламент на Обединетото Кралство (англиски)
- ↑ uefa.com – Football Europe
- ↑ „The Union Flag and Flags of the United Kingdom“ (PDF). Parliament and Constitution Centre. 3 June 2008. стр. 9–10.
Надворешни врски
- Северна Ирска — FOTW
- Знамиња на Северна Ирска — CAIN
|