Игало
Игало Игало | |
---|---|
Град | |
![]() | |
Координати: 42°27′32″N 18°30′44″E / 42.45889°N 18.51222°E | |
Држава | ![]() |
Општина | Херцег Нови |
Население (2003) | |
• Вкупно | 3,754 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Повик. бр. | +382 31 |
Рег. таб. | HN |
Игало – град во општината Херцег Нови во Црна Гора. Спрема пописот од 2003 година имал 3.754 жители (спрема пописот од 1991 година имал 3.676 жители). Иако со Херцег Нови чини единствена градска целина, Игало се смета за посебно населено место. Името го добил по истиот збор од грчко потекло, кој значи „брег, плажа“.
Лекувалиште
Игало е познато туристичко место, а благодарение на радиоактивната морска тиња од Блатна Плажа (Каллива Плажа) – или како што уште ја нарекуваат Стара бања, тој е центар на здравствениот туризам во Црна Гора. Игало е познато и по неексплотираната минерална вода наречена „Игалка“. Во 1930 година направено е испитување во познатото француско лекувалиште Виши (Vichy) кое испитување дефинитивно ја потврдило неговата исклучителна лековитост, но дури после Втората светска војна, на иницијатива на Мирко Стиепчевиќ, кој го ангажира д-р Светозар Живојновиќ, се реализирани дамнешните планови за основање на лекувалиште во Игало. Истото со одлука на владата на Црна Гора од 1 ноември 1949 година конечно е основано.
Во Игало се наоѓа црквата Св. Преображение Господово од втората половина на 17 век, која е обновена во 1857 година.
Демографија
Во Игало живеат 2.988 полнолетни жители, а просечната возраст на жителите изнесува 38,2 години (37,1 кај мажите и 39,3 кај жените). Во местото има 1.300 домаќинства, а просечниот број на членови по домаќинство е 2,88.
Националниот состав во Игало според пописот од 2003 година[1] е следниот:
Националност | Игало |
---|---|
Срби | 2.270 |
Црногорци | 1.011 |
Муслимани по националност | 22 |
Југословени | 15 |
Роми | 14 |
Македонци | 11 |
Унгарци | 6 |
Бошњаци | 5 |
Словенци | 3 |
Германци | 1 |
Италијанци | 1 |
Албанци | 1 |
Непознато | 72 |
Вкупно | 3.432 |
Наводи
- ↑ Становништво, национална или етничка припадност, подаци по насељима. Подгорица: Републички завод за статистику. септември 2004. ISBN 978-86-84433-00-0.
Надворешни врски
|