Идиот

Идиот од Еверт Ларок (1892)

Идиот е личност со недоволен психички развој. Во повеќето случаи лицето не го владее говорот како средство за општење со луѓето, односно не употребува говор, не го разбира и се смета дека општото ниво на развој кое го постигнал не соодвествува на неговата возраст.

Идиотот како мотив во уметноста и во популарната култура

  • Идиот“ - роман на рускиот писател Фјодор Достоевски.
  • „Парада на идиотите“ - песна на рускиот поет Хенрих Сапгир од 1970 година.[1]
  • „Идиот“ (The Idiot) - музички албум на американскиот рок-музичар Иги Поп (Iggy Pop) од 1977 година.[2]
  • „КУД Идијоти“ (KUD Idijoti) - хрватска панк-рок група, основана во 1981 година.[3]
  • „Идиотека“ (англиски: Idioteque) - песна на британската рок-група „Рејдиохед“ (Radiohead) од 2000 година.[4]
  • „Идиотите владеат“ (Idiots Rule) - песна на американската рок-група „Џејнс адикшн“ (Jane's Addiction) од 1988 година.[5]

Наводи

  1. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 30-32.
  2. Discogs, Iggy Pop ‎– The Idiot (пристапено на 17.12.2020)
  3. Discogs, Kud Idijoti (пристапено на 17.12.2020)
  4. YouTube, Idioteque (посетена на 12.3.2021)
  5. Discogs, Jane's Addiction – Nothing's Shocking (пристапено на 17.12.2020)