„Изгубени илузии“ (француски: Illusions perdues) — роман во продолженија од францускиот писател Оноре де Балзак, објавен во периодот 1837–1843.[1] Се состои од три дела, а дејството започнува во една француска провинција, за потоа да се премести во Париз, и на крај повторно се враќа во провинцијата. Ова дело потсетува на уште едно големо дело на Балзак, Црната овца (1842), чие дејство исто така делумно се одвива во Париз, а делумно во провинцијална Франција. Ова дело е уникатно во споредба со останатие творби во Човечка комедија (1799–1850) поради прецизноста со која се доловуваат географските одлики и социјалниот живот во Франција.[2]
Романот има четири главни теми: животот во провинцијата и животот во метрополата; опис на животот на уметниците во Париз во периодот 1821–22; карактеризирање на новинарството како најдолна форма на интелектуална проституција; и осознавање на двојната природа на нештата. Балзак употребил повеќе техники на раскажување, како опис на историско-политичкиот контекст, In medias res (прев. „во средина на нештата“)—сеќавање на минати случки кои се важни за понатамошниот тек, крајно поларизирани мислења на спротивставените ликови, итн.
Наводи
↑F.R. Leavis, The Great Tradition, London 1948, p. 29
↑Donald Adamson, "Illusions perdues", London 1982, p. 86