Илитија (грчки: Εἰλείθυια) - лик од старогрчката митологија, ќерка на Зевс и Хера, сестра на Арес и Хеба. Илитија била божица на породувањето, која на родилките им ги олеснувала породилните маки или пак им ги продолжувала болките, задржувајќи го пораѓањето.[1]