Индустрија
Индустрија — облик на производство на стоки или сродни услуги во рамките на економијата[1]. Воопштено, индустрија претставува машинска обработка на суровини и сериско производство. Под поимот индустрија кој најчесто се подразбира групирање на бизниси што делат заеднички метод на остварување профит, како на пример „филмската индустрија“, „автомобилската индустрија“, или „сточарската индустрија“. Поимот исто така се користи конкретно за одреден регион на економско производство што вклучува големи суми почетен капитал пред било како профит да се реализира. Преработувачката индустрија станала клучен сектор за производство и работна снага во Европските и Северно Американски земји во текот на индустриската револуција,[2][3] пореметувајќи ги изминатите меркантилистички и феудални стопанства. Тоа произлегло во многу непрестајни брзи напредоци во технологијата, како што се производство на челик и јаглен. После индустриската револуција, околу една третина од производството на светското стопанство доаѓало од производствената индустрија. Многу развиени земји и многу земји во развој или полуразвиени земји како што е, (Индија итн.) во значителна мерка зависат од производната индустрија. Индустријата на земјите во која се наоѓаат, и стопанството на тие земмји се меѓусебно поврзани во комплексна мрежа на меѓузависности.
Индустријата претставува машинска преработка на суровини и сериско производство. Во индустријата се вбројуваат сите неземјоделски гранки. Нејзиниот развој зависи од природните и општествените услови. Природните услови се: природни ресурси со кои располагаат земјите, разместеноста на ресурсите и количество на ресурсите. Оштествени услови се: човекот и неговите вложувања.
Поделба на индустријата
Индустријата може да се класифицира на повеќе начини. На највисоко ниво, индустријата често се класифицира спрема теорија на трите сектори во економскиот сектор: примарен (екстрактивен), секундарен (производствен), и терцијарен (услуги). Некои автори додаваат кватернарен (знаење) или дури квинарен (култура и истражување) на секторите. Со тек на време, распределбата на индустријата на даденото општество по сектори се менува. Под економските сектори постојат многу други подробни индустриски класификации. Овие класификациони системи обично се делат на индустрија спрема слични функции и пазари кои ги идентификуваат претпријатијата кои произведуваат слични производи.
Галерија
-
Валавница во склоп на железарница, дел од металургиската индустрија
-
Шивачки во текстилната индустрија
-
Индустриски производствен погон во дрвната индустрија
-
Индустриски производствен погон во металопреработувачката индустрија
-
Индустриски производствен погон во металопреработувачката индустрија
Поврзано
- Адам Смит
- Капитализам
- Комунизам
- Економија
- Индустриска археологија
- Карл Маркс
- Политичка економија
Надворешни врски
- Yahoo! - индустриски индекс
- Индустрии | Reuters.com Архивирано на 22 ноември 2005 г.
Наводи
- ↑ Industry | Define Industry at Dictionary.com Архивирано на 9. 11. 2018..
- ↑ Horn, Jeff; Rosenband, Leonard; Smith, Merritt (2010). Reconceptualizint the Industrial Revolution. Cambridge MA, USA, London: MIT Press. ISBN 978-0262515627.
- ↑ Landes, David (1999). The Wealth and Poverty of Nations. W. W. Norton & Company. ISBN 978-0393318883.
|