Првите народи кои го населиле островот Исланд биле Норвежаните во 9 век. Веќе во 930 бил организиран првиот парламент (Алтинг), најстар во континуитет на светот. Во 14 век земјата паднала под власт на Данска, која дури во 1918 година му ја признала на Исланд независноста, иако формално сè уште под данската круна. Во 1944 година била прогласена Република. За време на Втората светска војна, САД и Велика Британија ја окупирале земјата, иако Исланд уште од почетокот бил на страната на сојузниците. Во 1956 г. Исланд побарал од САД да ги евакуираат своите трупи. Откако во 1972 година Исланд ја проширил зоната на територијалните води од 5,5 на 370 km, избувна „рибарска војна“ со Велика Британија, која завршила во 1976, по признавањето на Лондон на новите граници.
1 Дел од територијата ѝ е надвор од Европа.
2 Целосно во Западна Азија, но има социо-политички врски со Европа.
3 Има Зависни територии или слични териотории надвор од Европа.
4Објави независност од Србија на 17 февруари 2008 и е признаено од 52 земји членки на ООН
5 Самопрогласена независност од Грузија во 1991/1992 година и е признаена од 2 земји членки на ООН