Историја на Швајцарија
Дел од темата Швајцарија |
Античка историја |
---|
Рана историја |
Среден век |
Модерна Швајцарија |
Прва светска војна |
Портал:Швајцарија |
Швајцарија која е позната и како Хелветска конфедерација претставува еден од најдобрите примери за развојот на федралните односи на територијата на Европа. Швајцарија во 1291 година била поделенана три подрачја: Швиц, Ури и Унтервалд. Овие кантони биле формално дел од Германското Царство уште од 1339 година, по Битката кај Лаупен. Договорот кој бил постигнат е познат како Bundesbrief, којво превод значи федерација. Од тогаш, овој сојуз се нарекува и Голем сојуз.
Овој сојуз во текот на 14 век имал огромни успеси, добивајчи независност од Хабсбуршката династија и Германското Царство. По победата над германскиот цар Максимилијан II во 1499 година, сојузот уживал во потполна независност, и главно се засновал на принципот на неутралноста. Веќе во почетокот на 16 век, сојузот се состоел од 13 кантони.
Како таков систем на уредување, Швајцарија постоела сè до започнувањето на ерата на Наполеон Бонапарт. За време на реформацијата, Швајцарија го избегнала внатрешното разделување и немири, настани кои биле зафатени соседните европски држави. По падот на Наполеон во 1798 година, Швајцарија го добила својот прв Устав. Конфедералното уредување било укинато, а државата станала унитарна. Кантоните станале обични административни единици.
Во 1802 година, Уставот бил променет со нов, кој го ублажил унитарниот режим на власта. Во самата држава владееле недоразбирања помеѓу унитаристите и федералците. Наполеон се обидел да донесе т.н. посреднички акт кој го содржи федералното уредување со некои онфедерални елементи кои предвидувале поголеми права и власт на кантоните. Но, системот не се покажал ни во пракса, туку во 1815 година, во Виенскиот конгрес, Швајцарија била разделена на 22 кантони со конфедерално уредување.
Приоѓањето на Швајцарија од конфедерација во федерација било проследено со граганската војна и промената на Уставот. Во 1847 година, католичките кантони формирале свој сопствен сојуз со намера да се одвојат од протестантските кантони, Така започнала и граѓанскатса војна која траела краток период со мал број на жртви, околу 100. Така, во 1848 година бил донесен нов Устав според кој било забрането какво било делење односно формирање на сојузите
|
|