Калкан

Бочен калкан на куќа

Калкан — најчесто триаголен дел од ѕидот помеѓу рабовите на кровната косина. Обликот на калканот и неговата обработка зависи од употребениот конструктивен систем, климатските влијанија, достапните матерјали како и естетскиот пристап. Калкан како поим најчесто се користи за целата ѕидна површина вклучувајќи го триаголниот дел оформен од кровните косини како и ѕидот под него.

Калканско спојување

Калканско спојување на згради во градот Бауцен, Германија.

Калканско спојување како поим најчесто се користи кога два соседни објекти се спојуваат со нивните бочни страни во однос на улицата.

Поврзано