Карлица

Карлица
Женска карлица
Машка карлица
Податоци
Назнаки
ЛатинскиPelvis
TAA01.1.00.017
A02.5.02.001

Карлица или пелвис (латински: pelvis) — масивен коскен појас формиран од карличните коски споени со сакрумот и тртичната коска. Карлицата е сместена во долниот дел на трупот под стомакот и меѓу бутовите, нејзината улога е да ја пренесува тежината на телото од ’рбетниот столб на долните екстремитети.

Делови

На карлицата се разликуваат:

  • две карлични коски (латински: os coxae);
  • крсна коска (латински: os sacrum);
  • гранична линија (латински: linea terminalis), со помош на граничната линија карлицата е поделена на:
    • голема карлица (латински: pelvis major), ограничена е со двете бедрени јами и крсната коска;
    • мала карлица (латински: pelvis minor) од задната страна стрчи промонториумот и претставува коскен канал отворен на двата краја;
  • горен отвор, кај мажите е со кружна форма, а кај жените е напречно- валчест, големината на горниот отвор кај женската карлица има големо практично значење поради текот и исходот на породување.

Функции

Најзначајни функции на карлицата се:

  • функција на поврзување, карлицата се поврзува со ’рбетниот столб од задната страна и со бутните коски од предната страна, се поврзува и со некои групи на мускули;
  • потпорна функција, карличниот појас е многу поцврст и посилен во споредба со раменскиот појас и претставува поткрепа на долниот дел од трупот;
  • заштитна функција, карлицата ги штити органите (делови од уринарниот тракт, внатрешни репродуктивни органи) сместени во карличната празнина.

Зглобови

Карлицата е поврзана со:

  • крснобедрен зглоб (латински: articulatio sacroiliaca) го градат ушестите зглобни површини (латински: facies auricularis) од крсната и карличната коска. Зглобот е полуподвижен и во него се вршат мали движења при пренесување на тежината од телото на долните екстремитети;
  • срамна симфиза (латински: symphysis pubica), срамната симфиза е неподвижен рскавичен спој што ги соединува предните краишта од двете срамни коски.
Човечка карлица, прва фотогарфија со х- зраци, магнетна резонанца (втора фотографија) и 3-димензионална компјутерска томографија (трета фотографија).

Галерија

Надворешни врски