Катленбург-Линдау била создадена на 1 март 1974 година од поранешните самостојни општини Катленбург-Дум, Гилерсхајм, Берка, Елферсхаузен, Вахенхаузен, Зутероде и Линдау. Со исклучок на Линдау, кој припаѓал на округот Дудерштат (со тоа дел од областа Ајхсфелд), овие општини биле дел од округот Нортхајм.
Институт за истражување на сончевиот Систем „Макс Планк“ (Max-Planck-Institut für Sonnensystemforschung) се наоѓал во Линдау од 1946 до 2014 година, кога бил преместен во Гетинген. До јуни 2004 година бил познат како Институт за аерономија.
Општински единици
Берка
Елферсхаузен
Гилерсхајм
Катленбург
Линдау
Зутероде
Вахенхаузен
Знаменитости
Катленбург: замок по кого е именувано и самото место
Линдау: Мусхаус (Mushaus) и стара воденица „Мордмиле“
Цркви
Црква на Крстот (лутеранска црква, Линдау)
Црква „Св. Петар и Павле“ (католичка црква, Линдау)
Црква на Светото Срце (католичка црква во Катленбург)