Клопенбург
Клопенбург
Cloppenburg | ||
Панорамски поглед на Клопенбург | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | Клопенбург | |
Градоначалник | Најдхард Варнхорн (ДХС) | |
Основни податоци | ||
Површина | 70,62 км2 | |
Надм. височина | 39 м | |
Население | 37.056 (31 декември 2022)[1] | |
- Густина | 525 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | CLP | |
Пошт. бр. | 49661 | |
Повик. бр. | 04471 | |
Портал | www.cloppenburg.de | |
Местоположба на градот Клопенбург во рамките на округот Клопенбург | ||
Координати | 52°51′0″N 8°03′0″E / 52.85000°N 8.05000°E |
Клопенбург (германски: Cloppenburg; долногермански: Cloppenborg; затерландски фризиски: Kloppenbuurich) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа 38 километри југозападно од градот Олденбург.
Географија
Местоположба
Клопенбург се наоѓа во областа Олденбуршки Минстерски крај помеѓу Оснабрик и Олденбург.
Градски единици
Градот Клопенбург се состои од градското јадро и од осум единици:
- Амбирен/Шмертхајм
- Бетен
- Емштекерфелд
- Галгенмор
- Келерхее
- Штатсфорстен
- Штернбуш
- Фарен/Штапелфелд
Стопанство
Градот е средиште на главно земјоделската област во јужниот дел на Клопенбург. Градот е административно седиште и во него се наоѓаат повеќе училишта.
Туризам
Една од главните туристички знаменитости на Клопенбург е музејското село „Клопенбург“, повеќе стари градби од областа кои биле расклопени и поставени во музејот.
Политика
Градски совет
Градскиот совет се состои од 38 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 30.001 и 40.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните локални избори за Градскиот совет биле добиени следниве резултати:[3]
Градоначалник
Моментален градоначалник на градот Клопенбург е Најдхард Фарнхорн.
- Список на досегашни градоначалници
- Игнац Фајгел (1855–1922)
- Бернхард Хојкамп (1884–1946)
- Георг Веслинг (1889–1974)
- Волфганг Визе (2001-2021)
- Најдхард Фарнхорн (од 2021)
Збратимени градови
Клопенбург е збратимен со следниве градови:[4]
Познати луѓе
- Георг Веслинг (1889–1974) — политичар, градоначалник на Клопенбург
- Вернер Баумбах (1916–1953) — пилот
- Јуп Дервал (1927–2007) — фудбалер и тренер
- Манфред Запатка (р. 1942) — глумец
- Манфред Хелман (р. 1962) — фудбалер
- Лена Герке (р. 1988) — модел
- Бернд Гердес (р. 1989) — фудбалер
Галерија
-
Руини од некогашниот замок (напред), поглед на основниот суд (позадина)
-
Црквата „Св. Андреас“
-
Културен центар
-
Музејското село
-
Железничката станица
Наводи
- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 28. Dezember 2016.
- ↑ KDO-Wahlportal Stadtratswahlen 2021, abgerufen am 16. Juni 2022
- ↑ „Partnerstadt“. cloppenburg.de (германски). Cloppenburg. Архивирано од изворникот на 2021-01-21. Посетено на 2021-03-03.
Надворешни врски
- Клопенбург на Ризницата ?
- Матична страница (германски)
|
|