Колубарски Округ

Колубарски Округ
Колубарски округ
Kolubarski okrug
Окрузи во Србија
Местоположба на Колубарскиот Округ во Србија
Местоположба на Колубарскиот Округ во Србија
Држава Србија
РегионШумадија и Западна Србија
Административен центарВаљево
Управа
 • CommissionerГоран Миливојевиќ
(од 16 јули 2015)
 • ПретходникВладимир Петровиќ
(14 ноември 2013 - мај 2015)
Површина
 • Вкупно2,474 км2 (955 ми2)
Население (попис 2011)
 • Вкупно174,513
 • Густина70,5/км2 (183/ми2)
ISO 3166RS-09
Општини5 и 1 град
Населби218
- Градови7
- Села211
Мреж. местоkolubarski.okrug.gov.rs

Колубарски Округ — округ кој протега во средишниот дел на западна Србија. Вклучува еден град и пет општини:

  1. Град Ваљево градска населба Ваљево
  2. Општина Осечина, градска населба Осечина
  3. Општина Уб, градска населба Уб
  4. Општина Лајковац, градска населба Лајковац
  5. Општина Мионица, градска населба Мионица
  6. Општина Љиг, градска населба Љиг

Има вкупно население од 174.228 жители (попис 2011 година).

Седиштето на округот е градот Ваљево, кој се наоѓа на реката Колубара.

Некои од културно-историските знаменитости и споменици на културата на оваа област се:

  • Бранковина
  • Муселимовиот конак како типичен пример за турската архитектура, изграден во 18 век,
  • Кулата на Ненадовиќи, изградена во 1813 година. подигната од војводата Јаков,
  • Соборна црква, од 1838 година и е редок пример за монументална класицистичка зграда во Србија.
  • Манастирот во Докмир, кој датира од 14 век,
  • Манастирите Лелиќ и Ќелије во селото Лелиќ, родното место на владиката Николај Велимировиќ

Познати туристички места во областа се планината Дивџибаре и Бањата Врујци .

Етнички групи

Националност Население (попис 2011 година[1])
Србија Срби 166.325
Роми Роми 4.045
Црна Гора Црногорци 215
Сојузна Република Југославија Југословени 161
Македонија Македонци 133
Хрватска Хрвати 120
Други 3.514
Вкупно 174.513

Наводи

  1. „2011 Census of Population, Households and Dwellings in the Republic of Serbia“ (PDF). stat.gov.rs. Statistical Office of the Republic of Serbia. Архивирано од изворникот (PDF) на 14 July 2014. Посетено на 11 January 2017.

Надворешни врски