Колудеј Чифлик
Колудеј Чифлик Κολουδέι | |
---|---|
Координати: 40°46.55′N 22°11.50′E / 40.77583°N 22.19167°E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Вртикоп |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Колудеј Чифлик (грчки: Κολουδέι) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Вртикоп на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција.
Географија
Селото се наоѓало во Солунското Поле, западно од градот Пазар (Ениџе Вардар).
Историја
Османлиско време
Во XIX век Колудеј било село во Ениџевардарската каза, подоцна префрлено во Воденската. Било чифлик на турски бег. На австриската воена карта е обележано како Колодеј чифлик (Kolodej Čiftl.). Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите Колудеј (Κολουδέι) било село со 40 христијански семејства.[1] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Колудеј имал 60 жители Македонци.[2][3]
Во Грција
Во 1912 г. селото е окупирано од грчка војска. Заведено е како село со христијанска вероисповед и македонски јазик. По Втората балканска војна во 1913 г. селото влегло во составот на Грција. На Пописот од 1913 г. показва Колодеј (Κολοδέι) се води како село со 27 мажи и 22 жени. Истата година тоа е напуштено.[1]
Поврзано
- Колудеј — река
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. Посетено на 10 јули 2019.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 149. ISBN 954430424X.
|