Коптите — православни христијани кои живеат по долината на реката Нил, во Египет. Тие всушност претставуваат и етничка и верска група. Најголемиот дел на Копти се припадници на Коптската православна црква. Христијанството било религија на мнозинството жители на Египет од 400-800 година и мнозинство после муслиманското освојување во средината на 10 век,[1] а и денес значително малцинство. Во минатото Коптите зборувале коптски јазик, но од 18 век овој јазик наоѓа примена само во литургиите, а Коптите зборуваат на арапски јазик.
Коптите како мотив во популарната култура
„Коптско време“ (англиски: Coptic Times) — песна на американската рок-група Бед брејнс (Bad Brains).[2]