Кронах

Кронах

Kronach

Стариот центар на Кронах со реката Хаслах
Стариот центар на Кронах со реката Хаслах
Стариот центар на Кронах со реката Хаслах
Грб на Кронах
Кронах во рамките на Германија
Кронах
Управа
Земја Германија
Покраина Баварија
Адм. подрач. Горна Франконија
Округ Кронах
Градоначалник Волфганг Бајергреслајн (СГ)
Основни податоци
Површина 66,99 км2
Надм. височина 318 м
Население 16.924 (31 декември 2023)[1]
 - Густина 253 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. KC
Пошт. бр. 96317
Повик. бр. 09261
Портал kronach.de
Местоположба на градот Кронах во рамките на округот Кронах
Карта
Карта
Координати 50°14′28″N 11°19′41″E / 50.24111°N 11.32806°E / 50.24111; 11.32806

Кронах (германски: Kronach) — град во Горна Франконија во сојузната покраина Баварија, Германија. Сместен е во подрачјето Франконска Шума и претставува административен центар на истоимениот округ Кронах.

Ова е родно место на повеќе познати личности: славниот ренесансен сликар Лука Кранах Постариот, барокниот архитект Максимилијан фон Велш, келтологот Јохан Каспар Цојс и Вирцбуршкиот епископ Јозеф Штангл.

Градот има речиси целосно зачуван градски ѕид и најголемата средновековна тврдина во Германија — крепоста „Розенберг“ (Festung Rosenberg). До неодамна тука се наоѓало седуштето на производителот аудио-видео опрема „Loewe“ (Леве).[2]

Во Кронах се слеваат реките Хаслах, Кронах и Родах.

Историја

Во 1634 г. Триесетгодишната војна градот успешно се одбранил од шведската војска со помош на женското население.[3]

За време на Првата светска војна во Кронах имало логор за заробени офицери.

Наводи

Надворешни врски