Ландкројцер П. 1000 Стаорец
Ландкројцер П. 1000 Стаорец (Landkreuzer P. 1000 Ratte) требал да биде гигантски тенк во Германија за употреба во Втората светска војна. Бил осмислен во 1942 од Круп со дозвола од Адолф Хитлер, но проектот бил откажан од Алберт Шпер следната година и ниеден не бил произведен. Со преку 1800 тони (милион и осумсто илјади килограми), овој тенк би бил преку пет пати потежок од Панцер VIII Маус, најголемиот произведен тенк.
Предвидените главни оружја биле 280-милиметарски топови на куполи од ист тип како кај борбените бродови од Гнајзенау класа. Една купола била направена пред откажувањето на проектот, но по тоа била монтирана за одбрана во Норвешка. Други топови би биле 128-милиметарски топ, осум 20-милиметарски Флак38 противвоздушни топови и два 15-милиметарски топа Маусер MG 151/15 .
Тенкот требал да има шест 1.2-метарски гасеници, три од секоја страна. Погонот требал да биде два 24-цилиндарски бродски дизел мотори MAN V12Z32/44, секој со сила од 8500 КС или осум Дајмлер-Бенц MB501 20-цилиндарски бродски дизел мотори, секој со 2000 КС, за достигнување на потребните 16000 КС за придвижување на тенкот.
Пред откажувањето на проектот, било планирано и едно потешко возило, П. 1500 „Чудовиште“. Ова требала да биде самоодна варијанта на 800-милиметарскиот опсаден топ Шверер Густав (или Дора).

Поврзано
- Ландкројцер П. 1500 Чудовиште
- Супертежок тенк
Надворешни врски
- Германско мрежно место со мала макета на тенкот (германски)
- Германско мрежно место со технички податоци Архивирано на 29 октомври 2006 г. (германски)
- Статија за тенкот Стаорец Архивирано на 5 март 2009 г. (англиски)
- Статија за серијата 1000/1500 Архивирано на 18 јуни 2007 г. (англиски)