Левенбергер Ланд

Левенбергер Ланд
Црква во Фалкентал
Црква во Фалкентал
Црква во Фалкентал
Грб на Левенбергер Ланд
Левенбергер Ланд во рамките на Германија
Левенбергер Ланд
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Горен Хафел
Месни единици 15
Градоначалник Бернд-Кристијан Шнек (СДП)
Основни податоци
Површина 244,83 км2
Надм. височина 51 м
Население 8.732 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 36 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OHV
Пошт. бр. 16775
Портал loewenberger-land.de
Местоположба на Левенбергер Ланд во рамките на округот Горен Хафел
Карта
Карта
Координати 52°53′N 13°09′E / 52.883°N 13.150°E / 52.883; 13.150

Левенбергер Ланд (германски: Löwenberger Land) — општина во округот Горен Хафел, во Бранденбург, Германија, околу 50 километри северно од Берлин.

Општински единици

Општината била основана на 31 декември 1997 и се состои од 15 села:

  • Фалкентал
  • Гламбек
  • Грибен
  • Гросмуц
  • Гринеберг
  • Гутенгермендорф
  • Хезен
  • Хопенраде
  • Либенберг
  • Линде
  • Левенберг
  • Насенхајде (од 2003)
  • Нојендорф (од 2002)
  • Нојлевенберг
  • Тешендорф

Левенберг бил првпат споменат во декрет од 1269 година, кога бил припоен од Бискупијата Бранденбург од бранденбуршките маркгрофови. Готската камена црква била изградена во 13 век. Црквата и големи делови од селото биле уништени од пожар во 1808. Во 1877 Левенберг добил пристап до новата пруска северна железничка линија од Берлин до Нојбранденбург.

Општината е позната по Замокот Либенберг (Schloss Liebenberg) изграден во 1745, поранешна резиденција на принцот Филип од Ојленбург (1847–1921).

Сообраќај

Левенберг се наоѓа на раскрсницата на сојузните автопати Б96 и Б167. Железничката станица Левенберг е опслужувана од северната линија од Берлин до Штралзунд. Во насоката исток-запад возовите одат до Пренцлау и Рајнсберг. Покрај главната железничка станица постојат станици и во селата Гринберг и Насенхајде.

Галерија

Наводи

Надворешни врски