XXI Летна универзијада — универзијада одржана од 21 до 31 август2003 во Тегу, Јужна Кореја. На овој настан учествуваа 4.179 спортисти од 174 земји, кои настапија во 189 дисциплини во 13 спортови.
Свеченото отворање се одржа на Стадионот Тегу, на кој една година пред тоа се играа натпревари од светското првенство во фудбал. Универзијадата беше официјално прогласена за отворена од страна на јужнокорејскиот претседател Но Мо-хјун.