Лилјана Поповска

Лилјана Поповска
Родена 24 мај 1956
Прилеп
Националност Македонка
Занимање политичарка,
хемиски инженер технолог
Татко
Родители Блаже Ристовски
Поранешна партијаЛДП
Сегашна партијаДОМ

Лилјана Поповска (24 мај 1956 во Прилеп) — македонска политичарка и поранешна претседателка на партијата ДОМ.[1]

Образование

Лилјана Поповска има дипломирано на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (органска хемија), каде што се има стекнато и со титулата магистер по технички науки[1]. Покрај македонски, зборува и англиски и словенечки јазик.

Работно искуство

  • 1982 - 1993 во фабриката Алкалоид (во Институтот за истражување и развој и во Секторот за маркетинг);
  • 1993 - 1998 во приватна фирма;
  • 1999 - 2002 советник на Градоначалникот на Град Скопје за планирање и развој.

Политичко искуство

Други ангажмани

  • активист во женското движење и координатор на Македонското женско лоби (застапник за повеќе жени во политиката и во јавниот живот, како и за подобрување на положбата на жената во општеството);
  • член на Советодавниот одбор на работната група за полова рамноправност на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа;
  • член на советодавниот одбор на Врска Диверсити (регионален проект за подобрување на меѓуетничката соработка);
  • застапник за јакнење на цивилниот сектор преку соработката со невладини организации (хендикепирани лица, зависници од дрога, стари лица, талентирани лица, заштита на животна средина и др.)
  • соработка со меѓународни организации и институции на полето на јакнење на мирот и меѓуетничката толеранција, како и на економскиот развој.

Награди

Лилјана Поповска е добитник на републичка награда за иноваторство и на две награди за технички унапредувања во „Алкалоид“, како и на признанија и благодарници за соработка од повеќе невладини организации.

Наводи

  1. 1,0 1,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-09-14. Посетено на 2013-03-01.

Надворешни врски