Лукаш Росол
Лукаш Росол | |
---|---|
Земја | Чешка |
Место на живеење | Преров, Чешка |
Роден на | 24 јули 1985 |
Роден во | Брно, Чешка |
Спорт | Тенис |
Висина | 1.96 м |
Професионалец | 2004 |
Игра со | • десна рака • дворачен бекхенд |
Заработка | $ 3,310,437 |
Поединечно | |
Победи-порази | 92–118 |
Титули | 2 |
Највисок пласман | Бр. 26 (22 септември 2014) |
Сегашен пласман | Бр. 85 (14 септември 2015) |
Резултати на Гренд Слемови | |
Австралијан Опен | 2К (2013, 2015) |
Ролан Гарос | 3К (2011, 2015) |
Вимблдон | 3К (2012) |
УС Опен | 2К (2015) |
Во двојки | |
Победи-порази | 65-73 |
Титули | 3 |
Највисок пласман | Бр. 37 (13 октомври 2014) |
Сегашен пласман | Бр. 64 (14 септември 2015) |
Ажурирано на: 14 септември 2015. |
Лукаш Росол (чешки: Lukáš Rosol) (роден на 24 јули 1985) е чешки тенисер. Професионалнo игра тенис од 2004 година. Во моментов се наоѓа на 85. место на АТП листата и е трет најдобро пласиран чешки тенисер. Негово највисоко место на АТП листата било 26. место кое го постигнал во септември 2014.
На 28 јуни 2012 година, Росол успеал сензационално да го победи вториот играч во светот Рафаел Надал, во второто коло од Вимблдон во пет сетови.[1]
Во кариерата Росол освоил две АТП титули во поединечна конкуренција и три АТП титули во двојки. Тој бил дел од дејвис куп тимот на Чешка кој победил во Дејвис купот 2012.
Росол играл во најдолгиот АТП натпревар во историјата во двојки, заедно со Томаш Бердих, во победата над Марко Чиудинели и Станислас Вавринка во првото коло од Дејвис купот 2013. Натпреварот се одиграл на 2 февруари 2013, и траел 7 часа и 2 минути. Тоа било втор најдолг натпревар во двете конкуренции, и е веднаш зад натпреварот меѓу Џон Изнер и Николас Мау на Вимблдон 2010
Личен живот
Росол е роден во Брно, Чехословачка. Во ноември 2008, тој се оженил со чешката атлетичарка Дениса Росолова (моминско презиме Шчербова).[2] Во 2011 тие се развеле.[3] Во 2013, Росол се верил со презентерката Михаела Очотска.[4] Нивниот син Андре се родил во јануари 2015.[5] Парот направил свадба во јули 2015.[6]
АТП финалиња во кариерата
Поединечно: 4 (2–2)
|
|
Исход | Бр. | Датум | Турнир | Подлога | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|
Победник | 1. | 28 април 2013 | Букурешт, Романија | Земја | Гуљелмо Гарсија-Лопес | 6–3, 6–2 |
Финалист | 1. | 27 април 2014 | Букурешт, Романија | Земја | Григор Димитров | 6–7(2–7), 1–6 |
Финалист | 2. | 13 јули 2014 | Штутгарт, Германија | Земја | Роберто Баутиста Агут | 3–6, 6–4, 2–6 |
Победник | 2. | 23 август 2014 | Винстон-Салем, САД | Тврда | Јежи Јанович | 3–6, 7–6(7–3), 7–5 |
Двојки: 3 (3-0)
|
|
Исход | Бр. | Датум | Турнир | Подлога | Партнер | Противници | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Победник | 1. | 6 јануари 2012 | Доха, Катар | Тврда | Филип Полашек | Кристофер Кас Филип Колшрајбер |
6–3, 6–4 |
Победник | 2. | 20 октомври 2013 | Виена,Австрија | Тврда | Флорин Мергеа | Даниел Нестор Јулијан Ноул |
7–5, 6–4 |
Победник | 3. | 27 јули 2014 | Умаг, Хрватска | Земја | Франтишек Чермак | Душан Лајовиќ Франко Шкугор |
6–4, 7–6(7–5) |
Наводи
- ↑ СЕНЗАЦИЈА: Росол го шокираше Надал во второто коло од Вимблдон [мртва врска]
- ↑ „Atletka Denisa Ščerbová si vzala tenistu Lukáše Rosola“. denik.cz (чешки). 14 November 2008. Посетено на 14 September 2015.
- ↑ „Atletka Denisa a tenista Lukáš Rosolovi se rozvádí“. isport.blesk.cz (чешки). 21 July 2011. Посетено на 14 September 2015.
- ↑ „Ochotská a Rosol: Čtyři měsíce vášně jim stačily... Zásnuby v Paříži!“. blesk.cz (чешки). 7 June 2013. Посетено на 14 September 2015.
- ↑ „Ochotská s Rosolem mají syna, dostal jméno André“. revue.idnes.cz (чешки). 13 January 2015. Посетено на 14 September 2015.
- ↑ „První oficiální fotky svatby Ochotské a Rosola: Velký den poznamenala (ne)šťastná třináctka!“. blesk.cz (чешки). 14 July 2015. Посетено на 14 September 2015.
Надворешни врски
- Профил на Лукаш Росол на мрежното место на АТП
- Профил на Лукаш Росол[мртва врска] на мрежното место на ИТФ