Македонски парламентарни избори, 2002
|
|
|
120 мандати во Собранието 61 места за мнозинство
|
|
Прва партија
|
Втора партија
|
Трета партија
|
|
|
|
|
Водач
|
Бранко Црвенковски
|
Љупчо Георгиевски
|
Али Ахмети
|
Партија
|
СДСМ
|
ВМРО-ДПМНЕ
|
ДУИ
|
Последни избори
|
27 мандати
|
49 мандати
|
нова
|
Освоени места
|
60 мандати
|
33 мандати
|
16
|
Промена во местата
|
▲ 33
|
▼ 16
|
▲ 16
|
Добиени гласови
|
497.342
|
299.179
|
145.615
|
Удел
|
41,58
|
25,02%
|
13,3%
|
|
|
Четврта партија
|
Петта партија
|
|
|
|
Водач
|
Арбен Џафери
|
|
Партија
|
ДПА
|
ПДП
|
Последни избори
|
11
|
14
|
Освоени места
|
7
|
2
|
Промена во местата
|
▼ 4
|
▼ 12
|
Добиени гласови
|
64.025
|
26.853
|
Удел
|
5,35%
|
2,25%
|
|
|
Парламентарните избори 2002 година се одржани на 15 септември 2002 година. Тоа биле првите парламентарни избори што се одржале според новиот пропорционален изборен систем, во шест изборни единици. Победа извојува опозициската коалиција „За Македонија заедно“, по што по четиригодишна пауза на власт се вратил Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Големи спорови предизвикало вклучувањето во владината коалиција на Демократската унија за интеграција, основана од страна на раководството на ОНА, која претходната година го предизвикала Конфликтот од 2001 година.
Гласачкиот одзив бил 73,4 %.[1]
Учесници на изборите
На изборите учествувале следните политички партии и коалиции:
- ВМРО - Вистинска македонска реформска опција, Демократска партија за православно единство на Србите и Македонците, Македонска христијанска партија
- ВМРО-ДПМНЕ, Либерална партија
- Движење за обнова на Македонија, Партија на пензионерите на Р Македонија
- Демократски центар, Партија на зелените
- Македонска алијанса, Македонска народна партија
- Лига за демократија, Демократски сојуз на Србите во Македонија, Партија на Власите од Македонија, Демократска Муслиманска партија, Партија за демократско движење на Египќаните во Македонија, Странка на демократска акција на Македонија
- За Македонија заедно: Социјалдемократски сојуз на Македонија, Либерално демократска партија, Обединета партија на Ромите на Македонија, Демократска лига на Бошњаците, Демократски сојуз на Власите, Демократска партија на Србите, Демократска партија на Турците, Работничка земјоделска партија, Социјалистичка христијанска партија на Македонија, Зелена партија на Македонија
- Бошњачка демократска партија
- ВМРО - Македонска
- ВМРО-Обединета
- Демократска алтернатива
- Демократска партија на Албанците
- Демократска партија на Македонија
- Демократска партија Напред Македонијо форца
- Демократска унија за интеграција
- Демократски сојуз
- Комунистичка партија на Македонија
- МААК-Единствена македонска опција
- Народна волја
- Национална демократска партија
- Народно движење на Македонија
- Нова демократија
- Партија за демократски просперитет
- Партија за единство на Ромите во РМ
- Партија на правдата
- Партија за целосна еманципација на Ромите
- Преродба и обединување на македонските национални идеал
- Прогресивна партија
- Републиканска партија на Македонија
- Семакедонска работничка партија
- Сојуз на Ромите од Македонија
- Социјалдемократска партија на Македонија
- Социјалистичка партија на Македонија
На изборите биле истакнати и неколку кандидатски списоци на група граѓани. Нивни носители биле: Игор Џамбазов, Горан Николовски, Христо Георгиевски, Дејан Панделески и Младен Михајловски.
Резултати
Освоените гласови и распределбата на мандатите во новоформираниот состав на Собранието биле следниве:[2]
Политички партии и коалиции
|
Освоени гласови
|
%
|
Освоени мандати
|
%
|
+/-
|
За Македонија заедно (СДСМ, ЛДП и др.)
|
497.342
|
41,58
|
60
|
50,0
|
▲33
|
ВМРО ДПМНЕ и ЛПМ
|
299.179
|
25,02
|
33
|
27,5
|
▼16
|
ДУИ
|
145.615
|
12,18
|
16
|
13,3
|
▲16
|
ДПА
|
64.025
|
5,35
|
7
|
5,8
|
▼4
|
ПДП
|
26.853
|
2,25
|
2
|
1,7
|
▼12
|
НДП
|
26.406
|
2,21
|
1
|
0,8
|
▲1
|
СПМ
|
26.005
|
2,17
|
1
|
0,8
|
▬0
|
ДА
|
17.453
|
1,46
|
0
|
0
|
▼13
|
ДС
|
14.971
|
1,25
|
0
|
0
|
▬0
|
ВМРО - Македонска
|
10.208
|
0,85
|
0
|
0
|
▬0
|
ВМРО - ВМРО и др.
|
8.498
|
0,71
|
0
|
0
|
▬0
|
Останати
|
|
|
0
|
0
|
▼1
|
Вкупно
|
1.195.887
|
100
|
120
|
100
|
|
Освоени мандати по политички партии
Распределбата на мандатите по партии е следната:[3]
Освоени мандати по изборни единици
Резултати по изборни единици
Освоените мандати по изборни единици се следните:[4]
Изборна единица
|
СДСМ
|
ВМРО-ДПМНЕ
|
ДУИ
|
ДПА
|
ПДП
|
НДП
|
СПМ
|
Вкупно
|
|
|
|
|
|
|
|
ИЕ 1
|
13
|
4
|
2
|
1
|
0
|
0
|
0
|
20
|
ИЕ 2
|
11
|
4
|
2
|
1
|
1
|
1
|
0
|
20
|
ИЕ 3
|
11
|
8
|
0
|
0
|
0
|
0
|
1
|
20
|
ИЕ 4
|
11
|
9
|
0
|
0
|
0
|
0
|
0
|
20
|
ИЕ 5
|
10
|
7
|
2
|
1
|
0
|
0
|
0
|
20
|
ИЕ 6
|
4
|
1
|
10
|
4
|
1
|
0
|
0
|
20
|
Вкупно
|
60
|
33
|
16
|
7
|
2
|
1
|
1
|
120
|
Извор: ДИК[5]
|
Наводи
- ↑ Финален извештај на мисијата за набљудување на изборите на ОБСЕ/ОДИХР, 4 стр.
- ↑ Државна изборна комисија[мртва врска]
- ↑ Собрание на Република Македонија Мандатен извештај 2002-2006, 16 стр.
- ↑ Собрание на Република Македонија Мандатен извештај 2002-2006, 10 стр.
- ↑ https://drive.google.com/file/d/1d_ByEudB7wgYvRnJRyOD67_TXGRJud7V/view
Надворешни врски