Макс Волф
Макс Волф | |
---|---|
Макс Волф | |
Роден(а) | 21 јуни 1863 Хајделберг, Германија |
Починал(а) | 3 октомври 1932 (69 години) Хајделберг, Германија |
Националност | Германец |
Полиња | астрономија |
Установи | Хајделбершки универзитет |
Образование | Хајделбершки универзитет |
Докторски ментор | Лео Кенигсбергер |
Докторанди | Август Копф Хајнрих Вогт Вилхелм Лоренц |
Познат по | Астрофотографија |
Поважни награди | Брусов медал (1930) |
Макс Волф (германски: Max Wolf), полно име: Максимилијан Франц Јозеф Корнелиус Волф (Maximilian Franz Joseph Cornelius Wolf; Хајделберг, 21 јуни 1863 - 3 октомври 1932) — германски астроном и пионер во полето на астрофотографијата. Тој бил претседател на катедрата за астрономија на Хајделбершкиот универзитет и директор на опсерваторијата Хајделберг-Кенигштул од 1902 до 1932 година.
Детство и рана младост
Роден во Хајделберг, Германија на 21 јуни 1863 година како син на познат медицински доктор со име Франц Волф. Неговиот тако го поттикнувал неговиот интерес во науката и му изградил опсерваторија на својот син во градината на семејната куќа. Токму оттука Волф ќе ги направи своите први откритија, како што е кометата 14P/Волф од 1884 година.[1]
Работа на универзитетот
Тој се школувал во градскиот универзитет од светска слава, во 1888 година, на возраст од 25 години, се стекнал со звањето проф. д-р од Хајделбершкиот универзитет. Заминува на постдипломски студии во Стокхолм и овој период е единствениот во кој тој го напуштил Хајделберг. Се вратил на Хајделбершкиот универзитет и ја прифатил местоположбата на приват доцент во 1890 година. Како познат предавач по астрономија, ги одбивал понудите за работа од другите институции. Во 1902 година бил назначен за раководител по астрономија и директор на новата опсерваторија Хајделберг-Кенигштул. Звања кои ќе ги задржи сè до неговата смрт во 1932 година.[2]
Додека траела изградбата на новата опсерваторија Волф бил назначен да ја надгледува изградбата и опремувањето на астрофизичкиот дел од опсерваторијата. Не само што бил одличен надгледувач тој бил и одлиќен прибирач на доации. Кога бил во америка да ја види изградбата на големите нови телескопи тој се вретаил и со донација од 10.000 долари од американскиот филантропист Кетрин Вулф Брус. Вулф веднаш испланирал и нарачал двоен рефракторски телескоп од американскиот астроном и градител на инструменти, Џон Брашер. Овој инструмент е познат како Брусов двоен -астрограф, со паралелни леќи со пречник од 41 см. со отвор од f/5, со што станал основниот истражувачки телескопот на опсерваторијата. Тој исто така собрал пари за 71 см. рефлекторски телескоп, првиот продолжил да се користи за спектроскопија.[3]
Во 1910 година Волф му предложил на претпријатието Карл Цајс за оптика да создаде нов инструмент, денес познат под името планетариум. Првата светска војна му ги попречила плановите но компанијата продолжила со работа на проектот по завршувањето на војната. Првото прикажување за јавноста било во Германскиот музеј во Минхен Германија на 21 октомври 1923 година.[4]
За време на неговото патување во Америка бил заинтересиран да научи нешто повеќе за новото поле на астрофотографијата и така го запознава познатиот американски астроном и астрофотографер Едвард Емерсон Барнард. Двајцата ќе останат во контакт како соперници, соработници и пријатели. Волф бил запрепастен од смртта на својот пријател во 1923 година при што напишал долг некролог.[5]
Подоцнежен живот и смрт
Универзитетот, кој веќе бил светски познат во многу други полиња, бил добро познат и по астрономија, пред сè поради водството од страна на Волф. Самиот Волф бил бил активен истражувач, придонел со бројни трудови во многу области на астрономијата до самиот крај на својот живот. Како и неговиот пријател, Едвард Емерсон Барнард, тој починал релативно млад како за еден астроном. Тој починал во Хајделбер на 3 октомври 1932 година на возраст од 69 години.[1]
Комети и нови
Волф својата кариера ја започнал како ловец на комети и продолжил да открива нови комети сè до крајот на својот живот. Тој има откриено и кооткриено неколку комети, вклучувајќи ги 14P/Волф и 43P/Волф-Харингтон. Победил на натпреварот со Едвард е Емерсон Барнард за тоа кој прв ќе го забечежи враќањето на Халеевата Комета (P1/Halley) во април 1910 година.[3]
Тој открил или кооткрил четири супернови: SN 1895A (позната и како VW Девица), SN 1909A (позната и како SS Голема Мечка), SN 1920A, и заедно со Карл Вилхелм Рејнмут, SN 1926A.
Темни маглини
Еден од позначајните придонеси на Волф било определувањето на природата на темните маглини. Овие области на небото, за кои уште од времето на Вилијам Хершел се сметале за „празнини на небото“, и биле загатка за астрономите. Во овие области не можеле да се забележат ѕвезди, само сеприсутна темнина. Во соработка со Едвард Емерсон Барнард, тој докажал, со внимателна фотографска анализа, дека овие темни маглини се всушност огромни облаци од фина непровидна прашина.[3]
Ѕвезден каталог
Заедно со Едвард Емерсон Барнард, Волф ја применил астрофотографијата за набљудување на ѕвездите. Брусовиот двоен-астрограф бил првично осмислен за лов на темни астероиди, но се покажало дека истиот е идеален за проучување на сопственото движење на нискосјани ѕвезди со употреба на истата техника. Во 1919 година Волф објавил каталог на местоположбите на преку една илијада ѕвезди заедно со измерените сопствени движења. Овие ѕвезди и денес се наречени според имињата и каталошките броеви од неговиот каталог.[6] Меѓу ѕвездите кои се откриени се Волф 359, темно црвено џуџе за кое подоцна е откриено дека е најблиска ѕвезда до Сончевиот Систем.[7] Тој продолжил да ги определува сопствените движења на ѕвездите за својот каталог сè до крајот на својот живот, со што каталогот ќе содржи 1500 ѕвезди, многу повеќе од сите останати соперници заедно.[8] Овие ѕвезди се значајни бидејќи ѕвездите со ниска сјајност и брзо сопствено движење, како што е Барнардовата ѕвезда и Волф 359, сè релативно близу до Земјата и токму поради ова ѕвездите од Волфовиот каталог се важни за астрономските изтражувања до ден денес. Методите кои ги користеле Едвард Емерсон Барнард и Волф продолжиле да ги користат Франк Елмор Рос и Жорж Ван Бисбрук до средината на XX век. Подоцна фотографските плочи се заменети со почувствителните електронски фотодетектори за астрономски набљудувања.
Астероиди
Волф го открил својот прв астероид 323 Брусија, именуван според Кетрин Волф Брус, во 1891 година. Тој бил првиот кој користел астрофотографски техники за да го автоматизира откривањето на астероидите, за разлика од старите визуелни методи, со што стапкта ан новооткриени астероиди се зголемувала постојано. При временско експоризираните фотографии астероидите наликуваат на куси развлечени флеки поради нивното движење во однос на ѕвездите. Тој на овој начин има откриено преку 200 астероиди.
Меѓу многуте негови откритија е и 588 Ахил (првиот тројански астероид) од 1906 година, како и други два тројанци: 659 Нестор и 884 Пријам. Тој исто така ги открил 887 Алинда во 1918 година, кој денес е познат како астероидот Амор. Кратко по неговото последно откритие (на 6 февруари 1932 година), неговиот рекорд од 248 откриени астероиди го надминал неговиот ученик Карл Вилхем Рејнмут, на 24 јули 1933 година.
Награди и почести
- Златен медал од Кралското астрономско друштво во 1914 година.
- Брусов медал во 1930 година.
Кратерот Волф на Месечината е именувана во негова чест, како и астероидот 827 Волфиjана.
Други астрономи со име Волф
- Марек Волф. Центарот за мали планети ги забележува неговите откритија како „М. Ф. Волф“ за разлика од неодамнешните откритија на „М. Волф“.
- Шарл Волф. Волф-Рајеовата ѕвезда била откриена од Шарл, а не од Макс Волф.
323 Брусија | 22 декември 1891 |
325 Хајделберга | 4 март 1892 |
328 Гудрун | 18 март 1892 |
329 Свеја | 21 март 1892 |
330 Адалберта | 2 февруари 1910 |
332 Сири | 19 март 1892 |
333 Баденија | 22 август 1892 |
334 Чикаго | 23 август 1892 |
339 Доротеја | 25 септември 1892 |
340 Едуарда | 25 септември 1892 |
341 Калифорнија | 25 септември 1892 |
342 Ендимион | 17 октомври 1892 |
343 Остара | 15 ноември 1892 |
351 Ирса | 16 декември 1892 |
352 Жизела | 12 јануари 1893 |
353 Руперто-Карола | 16 јануари 1893 |
385 Илматар | 1 март 1894 |
386 Зиегена | 1 март 1894 |
391 Ингеборг | 1 ноември 1894 |
392 Вилхелмина | 4 ноември 1894 |
393 Лампеција | 4 ноември 1894 |
399 Персефона | 23 февруари 1895 |
401 Отилија | 16 март 1895 |
407 Арахна | 13 октомври 1895 |
408 Фама | 13 октомври 1895 |
412 Елизабета | 7 јануари 1896 |
413 Едбурга | 7 јануари 1896 |
415 Палатија | 7 февруари 1896 |
417 Суевија | 6 мај 1896 |
418 Алеманија | 7 септември 1896 |
419 Аврелија | 7 септември 1896 |
420 Бертолда | 7 септември 1896 |
421 Церингија | 7 септември 1896 |
434 Унгарија | 11 септември 1898 |
435 Ела[А] | 11 септември 1898 |
436 Патриција[А] | 13 септември 1898 |
442 Ајхсфелдија[А] | 15 февруари 1899 |
443 Фотографика[А] | 17 февруари 1899 |
446 Етернитас[А] | 27 октомври 1899 |
447 Валентина[А] | 27 октомври 1899 |
448 Наталија[А] | 27 октомври 1899 |
449 Хамбурга[А] | 31 октомври 1899 |
450 Бригита[А] | 10 октомври 1899 |
455 Брухзалија[А] | 22 мај 1900 |
456 Абноба[А] | 4 јуни 1900 |
457 Алегенија[А] | 15 септември 1900 |
458 Херсинија[А] | 21 септември 1900 |
459 Сигне | 22 октомври 1900 |
460 Сканија | 22 октомври 1900 |
461 Саскија | 22 октомври 1900 |
462 Ерифила | 22 октомври 1900 |
463 Лола | 31 октомври 1900 |
464 Мегера | 9 јануари 1901 |
465 Алекто | 13 јануари 1901 |
466 Тизифона[Б] | 17 јануари 1901 |
467 Лаура | 9 јануари 1901 |
468 Лина | 18 јануари 1901 |
471 Папагена | 7 јуни 1901 |
473 Ноли | 13 февруари 1901 |
474 Пруденција | 13 февруари 1901 |
480 Ханза[Б] | 21 мај 1901 |
482 Петрина | 3 март 1902 |
483 Сепина | 4 март 1902 |
484 Питсбургија | 29 април 1902 |
488 Креуза[Б] | 26 јуни 1902 |
490 Веритас | 3 септември 1902 |
491 Карина | 3 септември 1902 |
492 Гизмонда | 3 септември 1902 |
493 Гризелда | 7 септември 1902 |
494 Виртус | 7 октомври 1902 |
495 Евлалија | 25 декември 1902 |
496 Грифија | 25 октомври 1902 |
499 Венузија | 24 декември 1902 |
500 Селинур | 16 јануари 1903 |
501 Урхиксидур | 18 јануари 1903 |
502 Сигуна | 19 јануари 1903 |
509 Јоланда | 28 април 1903 |
512 Тауриненсида | 23 јуни 1903 |
513 Центезима | 24 август 1903 |
514 Армида | 24 август 1903 |
515 Аталија | 20 септември 1903 |
520 Франциска[В] | 27 октомври 1903 |
522 Хелга | 10 јануари 1904 |
524 Фиделио | 14 март 1904 |
526 Јена | 14 март 1904 |
527 Евријанта | 20 март 1904 |
528 Реција | 20 март 1904 |
529 Прециоса | 20 март 1904 |
530 Турандот | 11 април 1904 |
531 Церлина | 12 април 1904 |
532 Херкулина | 20 април 1904 |
539 Памина | 2 август 1904 |
540 Розамунда | 3 август 1904 |
541 Дебора | 4 август 1904 |
549 Јесонда | 15 ноември 1904 |
550 Сента | 16 ноември 1904 |
551 Ортруда | 16 ноември 1904 |
552 Зигелинда | 14 декември 1904 |
553 Кундри | 27 декември 1904 |
555 Норма | 14 јануари 1905 |
557 Виолета | 26 јануари 1905 |
558 Кармен | 9 февруари 1905 |
559 Нанон | 8 март 1905 |
560 Далила | 13 март 1905 |
561 Ингвелда | 26 март 1905 |
562 Салома | 3 април 1905 |
565 Марбахија | 9 мај 1905 |
570 Китера | 30 јули 1905 |
573 Реха | 19 септември 1905 |
574 Реџинилд | 19 септември 1905 |
575 Рената | 19 септември 1905 |
577 Реја | 20 октомври 1905 |
578 Хапелија | 1 ноември 1905 |
580 Селена | 17 декември 1905 |
586 Текла | 21 февруари 1906 |
587 Хипсипила | 22 февруари 1906 |
588 Ахил | 22 февруари 1906 |
590 Томирис | 4 март 1906 |
592 Витсавеја | 18 март 1906 |
594 Миреј | 27 март 1906 |
597 Бандузија | 16 април 1906 |
598 Октавија | 13 април 1906 |
601 Нертус | Јуни 21, 1906 |
605 Живизија | 27 август 1906 |
609 Фулвија | 24 септември 1906 |
610 Валеска | 26 септември 1906 |
641 Агнес | 8 септември 1907 |
642 Клара | 8 септември 1907 |
659 Нестор | 23 март 1908 |
683 Ланција | 23 јули 1909 |
692 Хиподамија[Г] | 5 ноември 1901 |
707 Штајна | 22 декември 1910 |
712 Боливијана | 19 март 1911 |
733 Мокија | 16 септември 1912 |
798 Рута | 21 ноември 1914 |
800 Кресманија | 20 март 1915 |
801 Хелвертија | 20 март 1915 |
802 Епиакса | 20 март 1915 |
805 Хормутија | 17 април 1915 |
806 Гилденија | 18 април 1915 |
807 Сераскија | 18 април 1915 |
809 Лундија | 11 август 1915 |
810 Атоса | 8 септември 1915 |
811 Нојхајм | 8 септември 1915 |
813 Бомеја | 28 ноември 1915 |
815 Копелија | 2 февруари 1916 |
816 Јулијана | 8 февруари 1916 |
817 Аника | 6 февруари 1916 |
818 Каптајнија | 21 февруари 1916 |
819 Бернардијана | 3 март 1916 |
820 Адријана | 30 март 1916 |
821 Фани | 31 март 1916 |
822 Лалаге | 31 март 1916 |
823 Сисигамба | 31 март 1916 |
826 Хенрика | 28 април 1916 |
831 Статеира | 20 септември 1916 |
832 Карин | 20 септември 1916 |
833 Моника | 20 септември 1916 |
834 Бернамија | 20 септември 1916 |
835 Оливија | 23 септември 1916 |
836 Јола | 23 септември 1916 |
837 Шварцшилда | 23 септември 1916 |
838 Серафина | 24 септември 1916 |
839 Валборга | 24 септември 1916 |
840 Зенобија | 25 септември 1916 |
841 Арабела | 1 Октомври 1916 |
842 Керстина | 1 октомври 1916 |
845 Наема | 16 ноември 1916 |
860 Урсина | 22 јануари 1917 |
861 Аида | 22 јануари 1917 |
862 Франција | 28 јануари 1917 |
863 Бенкоела | 9 февруари 1917 |
865 Зубаида | 15 февруари 1917 |
866 Фатме | 25 февруари 1917 |
868 Лова | 26 април 1917 |
870 Манто | 12 мај 1917 |
871 Амнерида | 14 мај 1917 |
872 Холда | 21 мај 1917 |
873 Мехтилда | 21 мај 1917 |
874 Ротруда | 25 мај 1917 |
875 Нимфа | 19 мај 1917 |
879 Рикарда | 22 јули 1917 |
880 Херба | 22 јули 1917 |
881 Атена | 22 јули 1917 |
883 Матеранија | 14 септември 1917 |
884 Пријам | 22 септември 1917 |
887 Алинда | 3 јануари 1918 |
888 Парисатида | 2 февруари 1918 |
889 Еринија | 5 март 1918 |
890 Валтраут | 11 март 1918 |
891 Гунхилда | 17 мај 1918 |
892 Зелигерија | 31 мај 1918 |
893 Леополдина | 31 мај 1918 |
894 Ерда | 4 јуни 1918 |
895 Хелио | 11 јули 1918 |
896 Сфинга | 1 август 1918 |
897 Лисистрата | 3 август 1918 |
898 Хилдегард | 3 август 1918 |
899 Јокаста | 3 август 1918 |
900 Розалинда | 10 август 1918 |
901 Брунзија | 30 август 1918 |
904 Рокефелија | 29 октомври 1918 |
907 Рода | 12 ноември 1918 |
908 Буда | 30 ноември 1918 |
914 Пализана | 4 јули 1919 |
919 Илсебил | 30 октомври 1918 |
927 Ратисбона | 16 февруари 1920 |
946 Поезија | 11 февруари 1921 |
949 Хел | 11 март 1921 |
972 Конија | 18 јануари 1922 |
1008 Ла Пас | 31 октомври 1923 |
1021 Фламарио | 11 март 1924 |
1038 Такија | 24 ноември 1924 |
1039 Зоненберга | 24 ноември 1924 |
1053 Вигдис | 16 ноември 1925 |
1069 Планкија | 28 јануари 1927 |
1134 Кеплер | 25 септември 1929 |
1141 Бомија | 4 јануари 1930 |
1169 Алвина[Д] | 30 август 1930 |
1178 Ирмела | 13 март 1931 |
1179 Мали | 19 март 1931 |
1203 Нана | 5 октомври 1931 |
1214 Рихилда | 1 јануари 1932 |
1219 Брита | 6 февруари 1932 |
1365 Хенјеј | 9 септември 1928 |
1514 Рикоукса | 22 август 1906 |
1661 Гранула | 31 март 1916 |
1703 Бери | 2 септември 1930 |
1967 Менцел | 1 ноември 1905 |
2017 Весон | 20 септември 1903 |
2119 Швал[Д] | 30 август 1930 |
2298 Сендџон | 2 октомври 1915 |
2373 Имо | 4 август 1929 |
2443 Томејлин | 24 јануари 1906 |
2483 Гвиневера | 17 август 1928 |
2533 Фехтиг | 3 ноември 1905 |
2650 Елинор | 14 март 1931 |
2732 Вит | 19 март 1926 |
3034 Клименхага | 24 септември 1917 |
3202 Граф | 3 јануари 1908 |
3396 Муазез | 15 октомври 1915 | |
3626 Осаки | 4 август 1929 | |
3907 Килмартин | 14 август 1904 | |
4588 Вислиценус | 13 март 1931 | |
4775 Хансен | 3 октомври 1927 | |
4809 Робертбал | 5 септември 1928 | |
5702 Морандо | 16 март 1931 | |
5926 Шонфелд | 4 август 1929 | |
Откриен заедно со: А А. Швасман Б Л. Карнера В П. Гец Г А. Копф Д М. Фереро |
---|
Поврзано
- Едвард Емерсон Барнард
- Карл Вилхем Рејнмут
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 MacPherson, H. (1932). „Obituary: Max Wolf“. The Observatory. 55: 355–359. Bibcode:1932Obs....55..355M.
- ↑ „Obituary Notices: Associates:- Wolf, Max“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 93: 236. February 1933. Bibcode:1933MNRAS..93..236.. doi:10.1093/mnras/93.4.236.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Tenn Joseph S. (1994). „Max Wolf: The Twenty-Fifth Bruce Medalist“ (PDF). Mercury. 23 (4): 27–28. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-03-04. Посетено на 2015-01-31.
- ↑ Chartrand, Mark (September 1973). „A Fifty Year Anniversary of a Two Thousand Year Dream (The History of the Planetarium)“. The Planetarian. 2 (3). International Planetarium Society. ISSN 0090-3213. Посетено на 2009-02-26Предлошка:Inconsistent citations
- ↑ Wolf, M. (April 1923). „Anzeige des Todes von Edward Emerson Barnard“. Astronomische Nachrichten (германски). 218: 241. Bibcode:1923AN....218..241W. doi:10.1002/asna.19232181602.
- ↑ Wolf, M. (1919). „Katalog von 1053 staerker bewegten Fixsternen“. Veroeffentlichungen der Badischen Sternwarte zu Heidelberg (германски). 7 (10): 195–219. Bibcode:1919VeHei...7..195W.
- ↑ Wolf, M. (July 1917). „Eigenbewegungssterne“. Astronomische Nachrichten (германски). 204: 345. Bibcode:1917AN....204..345W. doi:10.1002/asna.19172042002.
- ↑ „Wolf“. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. Посетено на 2009-10-13.
Надворешни врски
- Макс Волф — Проект „Математичко родословие“ (англиски)
- The Bruce Medalists Архивирано на 7 јуни 2017 г.
|