Мауна Кеја
Мауна Кеја Mauna Kea | |
---|---|
Мауна Кејаво декември 2007 г. со видливата сезонска снежна капа | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 4207,3 м [1] |
Истакнатост | 4207,2 м [1] |
Изолираност | 3947 км [2] |
Координати | 19°49′14″N 155°28′05″W / 19.820664075°N 155.468066397°W [1] |
Географија | |
Место | Хаваи, САД |
Матичен венец | Хавајски Острови |
Геологија | |
Старост на карпата | Најстара датирана карпа: 237.000 ± 31.000 п.с.[3] Приближно: ~1 милион[3] |
Вид | Штитест вулкан Вулкан на жешката точка |
Вулкански лак/појас | Хавајско-царска подморска верига |
Последен избув | 2460 п.н.е. ± 100 години |
Искачување | |
Прво освојување | со писмен запис: Гудрич (1823)[4] |
Најлесен пат | патека Мауна Кеја |
U.S. National Natural Landmark | |
Прогласено: | ноември 1972 |
Мауна Кеја (хавајски: Mauna Kea - „бела планина“) — неактивен штитест вулкан на островот Хаваи во американската сојузна држава Хаваи. Тој е највисок од петте вулкани кои се наоѓаат на островот Хаваи.
Неговата надморска висина изнесува 4.207 м, а од морското дно висока е 9100 м. Надморската висина на соседниот вулкан Мауна Лоа изнесува 4.169 м.
На хавајски јазик името на вулканот значи „Бела Планина“ заради тоа што врвот на вулканот е редовно прекриен со снег, иако постојат теории дека името на вулканот потекнува од „Мауна-о-Вакеја“ што би значело „Планина на божеството Вакеја“.
На врвот на планината е изградена опсерваторија, па заради поволните климатски и временски услови како и нејзината положба, се смета за едно од најдобрите места за посматрање на семирот.
Вулканот последен пат избил околу 2460 г.п.н.е. (± 100 години)
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Mauna Kea“. NGS Station Datasheet. United States National Geodetic Survey.
- ↑ „Mauna Kea“. Summits of the World. peakbagger.com.
- ↑ 3,0 3,1 „Mauna Kea: Hawai'i's Tallest Volcano“. Hawaiian Volcano Observatory – United States Geological Survey. May 22, 2002. Посетено на August 8, 2010.
- ↑ Hartt, Constance E; Neal, Marie C. (April 1940). „The Plant Ecology of Mauna Kea, Hawaii“. Ecology. Ecological Society of America. 21 (2): 237–266. doi:10.2307/1930491. JSTOR 1930491. (бара претплата)
Надворешни врски
|