Местлин (германски: Mestlin) — општина во округот Лудвигслуст-Пархим, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Во 1950-тите години имало план да се направи социјалистичко планско село во него. Па така, бил изграден плоштадот Маркс-Енгелс, опкружен од продавници, станбени блокови, голема училишна зграда и монументалниот неокласичен „Културен дом“ (сала за јавни настани).