Меѓународна година на јазиците

Генералното собрание на Обединетите нации ја прогласило 2008 година за меѓународна година на јазиците, согласно резолуцијата на УНЕСКО.[1] Резолуцијата, исто така, ја потврдила потребата да се постигне целосна рамноправност меѓу шесте официјални јазици на мрежните места на Обединетите нации.

Потекло

Годината била наменета за решавање на прашањата за јазичната разновидност (во контекст на културната разновидност), почитувањето на сите јазици и повеќејазичноста. Во резолуцијата се дискутирало и за јазичните прашања во самите Обединети нации.[2]

УНЕСКО била задолжена за координирање на одбележувањето на годината и официјално ја започнала по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари 2008 година.[3]

Набљудувања

Покрај официјалните настани водени од УНЕСКО, разни национални, академски и невладини организации спонзорирале настани, мрежни места и други прослави на IYL. На мрежната страница на УНЕСКО има список на проекти доставени од поединци и организации.

Наводи

Поврзано

  • Универзална декларација за јазичните права

Надворешни врски

Литература

  • Jostes, Brigitte (2012): Anno 2008: Internationales Sprachenjahr und internationale Fragen der sprachlichen Bildung. Во: PhiN 60, 14-47.