Момчило Бајагиќ-Бајага

Момчило Бајагиќ
Животописни податоци
Родено имеMomčilo Bajagić
Роден(а)19 февруари 1960(1960-02-19)(65 г.)
Бјеловар, Хрватска
ЖанровиРок
Хард рок
Поп рок
ЗанимањаПејач, композитор
Инструментигитара
Период на активност1974–денес
СоработнициРибља Чорба, Бајага и инструктори

Момчило Бајагиќ Бајага 19 февруари 1960 во Бјеловар е српски рок-музичар.

Животопис

Момчило Бајагиќ е е роден на 19 февруари 1960 година, во Бјеловар, Хрватска. Основнo училиште завршил во Земун, а потоа и Втора белградска гимназија. Се оженил во 1989 година.[1] и со сопругата Емилија имаат син Марко и ќерка Ангела.[2]

Музичка кариера

Својата музичка кариера Бајага ја започнал на својата 14. година, во групата „ТНТ“. По три години ѝ се приклучил на групата „Рибља чорба“, една од најпопуларните музички групи во тоа време. Најпрвин, тој се појавувал само на концертите на групата, апостепено станал главен композитор, заедно со Бора Ѓорѓевиќ. На 19 јули 1984 година, Бајага бил официјално исклучен од „Рибља чорба“, а подоцна ја основал својата музичка група „Бајага и инструктори“. Исто така, тој работил и на музиката на филмовите „Ни на земја ни на небо“ и „Професионалец“.

Наводи