Муди
![]() | |||||||
Потекло | Унгарија | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||
| |||||||
куче (Canis lupus familiaris) |
Муди (латински: Canis Ovilis Fenyesi) е оригинална раса унгарска овчарски кучиња.
Појава
Возрасни муди достигнуваат тежина од 8 до 13 кг. и висина од 38 до 47 см. Влакната му се средно брановидно кадрави и кратки на главата и нозете. Прифатливи бои за оваа раса на кучиња се: црна, пепелава, костенлива, бела, бледотемна. Мудите имаат релативно краток опаш. Ако кучето е родено со подолга опашка дозволено е купирање.
Темперамент
Муди е првенствено куче на природата кое има повеќе истакнати особини. Муди може да се користи како ловечко куче, против штетници (глодачи) и како чувар на стада, овчарско куче. Иако оваа раса е помалку позната и популарна од повеќе познатите раси Пули и Комондор во Унгарија оваа раса е многу на цена токму поради својата појава и универзалност.
Галерија
-
Црно бел муди 2006
-
Бледотемен муди
Поврзано
- Пулин
- Хрватски овчар
- Истарски овчар (Турко)